Прејди на содржината

Венера-9

Од Википедија — слободната енциклопедија

Венера-9 била советска автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Била лансирана на 8 јуни 1975 година.

Текот на мисијата

[уреди | уреди извор]

Одсек за слетување се одвоил на 20 октомври 1975 и влегол атмосферата на Венера. Орбиталниот дел бил користен како комуникационо реле за капсулата за слетување и нејзината врска со Земјата.

Капсулата за слетување покрај вообичаените инструменти имала и ултравиолетов фотометар од 3500 ангстроми, француско производство, 4000-7000 ангстроми фото-полариметар, инфрацрвен спектрометар 1500-3000 нанометри, и инфрацрвен радиометар со опсег од 3-30 микрометри. Орбиталниот дел го носел магнетометарот и делот за наелектризираните честички.

За време на слетувањето, отстранувањето на топлината и запирањето било било вршени по степени, прво со заштитна метална школка за исфрлање, потоа со 3 падобрани, со аеродинамична кочница во облик на диск и на крајот со комресиран дел за приземјување во облик на прстен на дното на одсекот.

Делот за слетување ги потврдил претходните мерења на апаратот од Венера-8, и направил првите црно-бели снимки од површината на Венера. Биле детектирање солна и флуороводородна киселина, бром и јод. Облаците биле измерени со дебелина од 30–40 km, со дно на околу 30–35 км висина.

Основни подацтои за летот

[уреди | уреди извор]
  • Датум на лансирање: 8 јуни 1975 година.
  • Ракета носач:
  • Место на лансирање: Тјуратам, Бајконур
  • Маса на сателитот (kg): 2300

Галерија

[уреди | уреди извор]
Фотографија од површината на Венера направена од лендерот Венера 9 на 22 октомври, 1975

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Кориштена литература

[уреди | уреди извор]
Сателити од серијата „Венера“
Венера-1Венера-2Венера-3Венера-4Венера-5Венера-6Венера-7Венера-8Венера-9Венера-10Венера-11Венера-12Венера-13Венера-14Венера-15Венера-16