Велшки јазик
Велшки јазик | |
---|---|
Cymraeg или y Gymraeg | |
Застапен во | Велс, Велика Британија, Аргентина, САД, Канада, Нов Зеланд |
Јазично семејство | Келтски
|
Писмо | Велшка азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Говорници на велшки јазик во Велс според пописот од 2021 година | |
Велшкиот јазик е класифицииран како ранлив според Атласот на светски јазици во опасност на УНЕСКО (2010)[1] |
Велшкиот јазик (Cymraeg или y Gymraeg) спаѓа во групата на келтски јазици, поточно дел од британската подгрупа. Велшкиот јазик се зборува на територијата на Велс од околу 611.000 луѓе и во некои предели од Англија со околу 130 000 познавачи на јазикот. Надвор од Велс, најголемата популација која го зборува овој јазик е околу 5.000 жители и живее во Патагонија, Аргентина[2]. Велшкиот јазик исто така се зборува и во Велика Британија, САД, Канада и Австралија.
Постојат два дијалекти на велшкиот јазик: северен и јужен дијалект.
Историја
[уреди | уреди извор]Во периодот на Римското Царство, келтските јазици успеале донекаде да се заштитат и опстојат. Самиот велшки јазик датира од околу 6 век и 8 век, период кога во Англија започнало населување на германските племиња и прогонување на келтите од Англија кон тогашните области Велс, Корноулм, Камбрија и Бретања. Овој период од настанувањето на велшкиот јазик е позната како рановелшки период, период кога за првпат се споменува велшкиот казик. Старовелшкиот период го опфаќа периодот од 9 век до 11 век. Периодот од 12 век до 14 век е познат како средновелшки период кој најмногу се одликува со создавање на претежно религиозни текстови. Периодот пак од 14 век до 15 век е познат како нововелшки период, каде најголемо значење се одава на преводот на Библијата од страна на Вилијам Морган во 1588 година. Токму овој превод подоцна одиграл голема улога во кодификацијата на велшкиот литературен јазик, и покрај тоа што тој процес не е довршен и до ден денеска поради големите разлики кои се појавуваат во дијалектите помеѓу северот и југот.
-
1750
-
1800
-
1850
-
1900
Современ статус
[уреди | уреди извор]Периодот од 19 век сè до денес се одликува со намалување на бројот на население кое го зборува велшкиот јазик заменувајќи го со англискиот јазик. Така, во 1891 година, 54% од вкупниот број на населението на Велс се изјасниле дека го знаат и зборуваат велшкиот јазик, додека во 1981 година тој процент бил само 19%. Во 2001 година процентот се зголемил благодарение на големите кампањи кои се покренале сѐ со цел да се заштити и зачува јазикот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Atlas of the world's languages in danger“. unesdoc.unesco.org. стр. 183. Посетено на 2023-03-02.
- ↑ Edwards, Huw. „Why do they speak Welsh in South America?“. BBC iWonder. BBC. Архивирано од изворникот на 9 јули 2019. Посетено на 16 септември 2017.
|
|
|