Велика Британија (остров)
Велика Британија или Британија (англиски: Great Britain, велшки: Prydain Fawr, шкотски галски: Breatainn Mhòr, корнски: Breten Veur) — остров кој се наоѓа на северозапад од континентална Европа. Тоа е деветтиот најголем остров во светот и најголемиот европски остров, како и најголемиот од Британските Острови. Со население од околу 60 милиони луѓе во средината на 2009 г., тоа е трет најнаселен остров во светот, по Јава и Хоншу. Велика Британија е опкружена со над 1000 помали острови и островчиња. На запад се наоѓа островот Ирска. Политички, Велика Британија, исто така, може да се однесува на самиот островот заедно со голем број од околните острови од кои се состои територијата на Англија, Шкотска и Велс.
Целиот остров е територија на суверената држава на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а поголемиот дел од територијата на Обединетото Кралство е во Велика Британија. Поголемиот дел од Англија, Шкотска и Велс е на островот Велика Британија, како и нивните главни градови: Лондон, Единбург и Кардиф.
Кралството Велика Британија како резултат на политичка унија на кралства на Англија и Шкотска со Актите за унијата (1707) од 1 мај 1707 за време на владеењето на кралицата Ана. Во 1801 г., во рамките на новиот Закон на унијата, ова кралство се спои со Кралството на Ирска по што се создаде на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска. По Ирската војна за независност поголемиот дел на Ирска се одделила од Унијата, која потоа станала Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Релативно ограничената разновидност на флора и фауна на островот се должи на неговата големина и фактот дека, од последниот леднички период па наваму, живиот свет имал малку време да се развие. Високото ниво на урбанизација на островот доведе до стапка на исчезнување на видови која е околу 100 пати поголема од нормалналната стапка на исчезнување.
Географска дефиниција
[уреди | уреди извор]Со површина од 224 000 км2 островот Велика Британија е најголемиот од британските острови. Друг голем остров во архипелагот е Ирска. Велика Британија е најголемиот остров во Европа и осмиот најголем остров во светот. Тој е исто така трет најнаселен остров во светот по Јава и Хоншу.
Велика Британија се протега во должина од околу десет степени географска ширина според нејзината подолга, оска север-југ. Географски островот е обележан со ниски земјишта на исток и југ, додека пак ридовите и планините доминираат во западните и северните региони. Пред крајот на последнота ледена доба, Велика Британија била полуостров на Европа; нивоата на морињата кои се издигнувале како резултат на топењето на ледниците по ледената доба го предизвикале формирањето на Англискиот Канал, водена површина која сега го дели островот од европското копно.
Климата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната полутопка на истата географска ширина, поради топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Свежа, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот.