Прејди на содржината

Бросови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бросови
Rubia tinctorum
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Вистински дикотиледони
Нерангирано: Астериди
Ред: Линцуровидни
Семејство: Бросови
Juss.
Типски род
Брос
L.
Потсемејства

Cinchonoideae
Ixoroideae
Rubioideae
види го текстот

Бросовите (науч. Rubiaceae) е една од најголемите фамилии на цветни растенија, со околу 650 родови и повеќе од 13.000 видови. Името оваа фамилија го носи по родот Брос (Rubia). Тука припаѓаат неколку економски важни растенија. Од Rubia cordifolia се добива боја, од видот Morinda angustifolia се користи кората, додека од родот Elaeagia се добива лак кој го користат уметниците. Меѓутоа, сепак најпознати растенија од оваа фамилија се: кафето (Coffea arabica и Coffea liberica) и Cinchona (од кое се добива лекот кинин). Има и неколку украсни растенија, како Ixora, Gardenia и Mussaeda.

Повеќето од видовите се среќаваат во тропските региони. Неколку видови се присутни и во умерените региони, каде се тревести. Овие растенија се јавуваат најчесто како дрвја и грмушки.

Морфологија

[уреди | уреди извор]

Тоа се многугодишни хемикриптофитни растенија. Листовите се наспрамни, прости и целокрајни. Соцветијата се цимозни. Цветовите се хермафродитни и ретко зигоморфни. Околуцветникот е составен од 4 до 5 чашкини ливчиња и 4 до 5 венечни ливчиња. Столпчето е нежно, додека устенцата се капитатни или повеќеделни.

Машкиот дел од цветот (андрецеум) е изграден од 4 до 5 прашници. Женскиот дел (гинецеум) е претставен со 2 (ретко 1) споени плодни листови. Плодникот е потцветен, ретко натцветен или полупотцветен. Тој е билокуларен со 1 семенов зачеток во секоја локула (комора или окце). Присутни се нектарни дискови над плодникот. Плодот е бобинка, капсула, костелка или шизокарп.

Цветната формула на оваа фамилија е: или

Цветен дијаграм на Galium odoratum.

Цветовите се протоандрични (прво се развива машкиот дел од цветот). Опрашувањето е со помош на инсекти, додека семињата се распространуваат епизоохорно (со животни).

Систематика

[уреди | уреди извор]
Цветови на кафе - Coffea arabica.
Незрели плодови од Coffea arabica.
Податотека:Coffee1.jpg
Зрел плод од Coffea sp..
Galium (Asperula) odoratum.
Cinchona calisaya, од кое се добива кининот.

Родовите се распоредени во племиња кои од своја страна се сместени во три потсемејства:

Некои автори признаваат и четврто потсемејство - Antirheoideae.

Некои родови

[уреди | уреди извор]

Следните родови на Бросовите се наведени од страна на Вотсон и Далвиц (од делта-класификацијата):

Бросови (Rubiaceae) sensu stricto:

Според Вотсон и Далвиц во Henriqueziaceae Архивирано на 30 ноември 2007 г.:

Според Вотсон и Далвиц во Naucleaceae Архивирано на 30 ноември 2007 г.: