Брајтон
Mестоположба | |
---|---|
Општи податоци | |
Име | Брајтон |
Поштенски број | 01273 |
Повикувачки број | 01273 |
Автомобилска ознака | BN |
Управа | |
Земја | Обединето Кралство |
Конститутивна земја | Англија |
Регија | Југоисточна Англија |
Грофовија | Источен Сасекс |
Прекуморска територија | |
Географија | |
Површина | 82,67 km² |
Население | |
Население | 141.268 жители година: 2007 |
Брајтон (англиски: Brighton) е место во Обединетото Кралство во Англија.[1] Се наоѓа на јужната страна на Англија и заедно со местото Хоув го сочинува градот Брајтон и Хоув. Брајтон е едно од омилените англиски летовалишта. Со проценката од 2007 во градот живеело 141.268 жители.
Историја
[уреди | уреди извор]Од 1823 година кога е во Брајтон заграден од Кралски павиљон – летниковец, започнува развојот на градот. Порастот на бројот на жители започнува од 1841 године кога дооаѓа железница. Брајтон од тогаш има постојан раст на жители кој достигнува врхунец од 1961 година со преку 160.000 жители.
Брајтон е многу популарно туристичко одредиште, со посета на околу 8 милиони туристи секоја година. Голем број луѓе се привлечени од нивните хотели, ресторани, продавници и забава. Брајтон и Хоув е исто така образовен центар со два универзитети и 22 училишта англиски. Младите луѓе од целиот свет доаѓаат да учат и да го подобрат англискиот јазик.
Население
[уреди | уреди извор]Со процена, во градот во 2008 година живееле 141.268 жители.
Туризам
[уреди | уреди извор]Плажата претставува главна атракција со разновидни пабови, барови, ресторани, ноќни клубови и разновидни забави измеѓу два мола. Бидејќи Брајтон се наоѓа на помалку од еден час возење со воз од Лондон, станал многу популарно одредиште и за жителите на главниот град. Во источниот дел од брегот постои една од најголемите марини во Европа.
Спорт
[уреди | уреди извор]Фудбалскиот клуб кој го претставува градот се вика Брајтон енд Хоув Албион и моментално се натпреварува во Премиер лигата на Англија.
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Брајтон
- Обри Бирдсли (1872 – 1898), илустратор
- Бонобо (р. 1976), музичар
- Питер Џејмс (р. 1948), писател
- Адам Кеј (р. 1980), писател
- Најџел Кенеди (р. 1956), виолинист
- Фиона Мекинтош (р. 1960), писателка
- Питер Мејл (1939 – 2018), писател
- Гилберт Рајл (1900 – 1976), филозоф
- Мартин Рајл (1918 – 1984), физичар
- Џоан Ривиер (1883 – 1962), психоаналитичар
- Филип Рив (р. 1966), писател
- Ланс Салвеј (р. 1940), писател
- Франсис Хардинг (р. 1973), писателка
- Починати
- Мајкл Бејџент (1948 – 2013), новозеландски писател
- Едвард Брансфилд (1785 – 1852), морепловец
- Вилијам Мартин Лик (1777 – 1860), војник и топограф
- Луис Ренисон (1951 – 2016), писателка
- Ернестин Роуз (1810 – 1892), американска феминистка
- Алан Синфилд (1941 – 2017), литературен теоретичар
- Фредерик Соди (1877 – 1956), хемичар
- Херберт Спенсер (1820 – 1903), филозоф
- Арнолд Вескер (1932 – 2016), писател
- Хари Харисон (1925 – 2012), американски писател
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мишић, Милан, уред. (2005). Енциклопедија Британика. А-Б. Белград: Народна книга : Политика. стр. 169. ISBN 86-331-2075-5.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- VisitBrighton туристички информации за Брајтон