Прејди на содржината

Борис Немцов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Немцов
Борис Немцов
Немцов во 2013 година
Заменик премиер на Русија
На должноста
28 април 1998 – 28 август 1998
Претседател Борис Јелцин
Премиер Сергеј Кириенко
Виктор Черномирдин (в.д.)
Прв заменик премиер на Русија
На должноста
17 март 1997 – 28 април 1998
Служи со Анатолиј Чубаис
Претседател Борис Јелцин
Премиер Виктор Черномирдин
Претходник Владимир Путин
Алексеј Болшаков
Виктор Иљушин
Наследник Јуриј Масљуков
Вадим Густов
Лични податоци
Роден(а) Борис Ефимович Немцов
9 октомври 1959(1959-10-09)
Сочи, Руска ССР, Советски Сојуз
Починал(а) 27 февруари 2015(2015-02-27) (возр. 55)
Москва, Русија
Партија Унија на десни сили (1999–08)
Солидарност (од 2008 г.)
ПАРНАС (2010-12)
Републиканска партија на Русија - ПАРНАС (од 2012 г.)
Вероисповед Руска православна црква
Награди За заслуги на Татковината (втор степен, 1995 г.); Ред на принцот Јарослав Мудриот (пет степен, 2006 г.) [1]

Борис Ефимович Немцов (руски: Борис Ефимович Немцóв; 9 октомври 1959 во Сочи  – 27 февруари 2015 во Москва) — руски научник, државник и либерален политичар. Имал успешна политичка кариера во текот на 1990-тите за време на претседателот Борис Јелцин, а од 2000 година е истакнат критичар на Владимир Путин. Во февруари 2015 година, додека помагал да се организира протест во Москва против политиката на Путин со руската вмешаност во војната во Украина и финансиската криза во Русија, бил убиен на помалку од 200 метри од ѕидините на Кремљ и Црвениот плоштад.[2]

  1. „Борис Немцов“.
  2. Амос, Хауард; Милворд, Дејвид (27 февруари 2015). „Leading Putin critic gunned down outside Kremlin“. The Telegraph. Лондон. Посетено на 28 февруари 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]