Биодизелот е течно гориво произведено од билни масла или од искористени масла и масти. Биодизелот доста чисто согорува и потсетува на стандардниот дизел. Се произведува од сончогледово масло, соја или маслодајна репка со помош на метанол и катализатор. По хемиски состав е мешавина од метилестер и масни киселини. Ова гориво е обновлив извор на енергија, бидејќи се троши со истата брзина со која се обновува. Има мала енергетска содржина, но содржи поголем процент на кислород што помага за подобро согорување.
Старите дизел мотори без тешкотии користат околу 20 проценти биодизел, а многу нови мотори веќе можат да користат и чист биодизел. Био-горивата не бараат произведство на нов автомобил, односно нов автомобилски мотор, сега тие имаат предност над водородната технологија која е во почетните стадиуми. Оваа компактибилност ги наведе многу земји да се осврнат кон биогоривата, уверени дека на тој начин ќе ја намалат потрошувачката на фосилни горива. Европската заедница за себеси одреди цел дека до 2010 година ќе користи 6% биодизел, што би значело петоструко зголемување одгледување на билките од кои се произведува етанолот. Во последниве години, се направени големи напори за заштита на животната средина токму преку претставувањето на биодизелот како моторно гориво. Овие напори се очекува дека ќе се зголемуваат во иднина, со цел да се обезбеди побезбедна планета за живеење.
Биодизел-гориво, примерок
Постариот дизел Мерцедес се популарни за трчање на биодизел
Во некои земји, биодизелот е поевтин од конвенционалниот дизел