Прејди на содржината

Батлер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Батлер

Батлер (од англ. butler, од фр. bouteillier) е старешински слуга во едно поголемо домаќинство. Обично батлерот се рангира највисоко во персоналот, иако во големите домаќинства од минатото, домаќинствата биле поделени во одделенија каде батлерот бил главен на собата за ручање (вклучувајќи го и винскиот подрум), оставата и понекогаш сите одаи за живеење, а домаќинот е одговорен за целокупниот изглед и функционалност на домаќинството. Домаќините понекогаш се прикажани во книжевноста како лица со највисок ранг во послугата кои дури и даваат препораки за избор на батлерите.

Во современите домаќинства каде батлерот е највисокорангираниот слуга се употребуваат титулите: Махордомо, Батлер-администратор, Менаџер на персонал, Имотен управник или Глава на куќната послуга. Зборот,,батлер" доаѓа од старофранцускиот збор „bouteillier“, (што значи „пехарник“), од „buteille“, („шише“). Улогата на батлерот со векови била управување со домаќинството, прислужник со задача да служи вина и да се грижи за нив и други флажирани пијалаци (кои во старите времиња претставувале значителен дел од семејното богатство)

Во Британија батлерот првобитно бил среднорангиран член на послугата, но во XVII и XVIII век станал главен на домаќинството освен во најголемите домаќинства каде што управникот ја имал таа улога. Батлерите биле облечени во посебна униформа која се разликува од ливеријата на помладите слуги, но денес е поверојатно истиот да биде облечен во обичен костим, а посебната униформа да ја користи само за свечености.

Поимот батлер за првпат се споменува во Библијата како тип на слуга кој постоел во Стариот Египет.

Одговорност и влијание

[уреди | уреди извор]

Вообичаено е господарот на куќата да го избере и вработи батлерот, но тој дава отчет кај господарката на куќата. Во најголемите домаќинства батлерот бил глава на строга хиерархија на слуги и бил моќен и почитуван. Ваквите батлери ги избирале сите јуниорски слуги и имале за задача да ги заповедуваат. Батлерите биле ословуванн по нивното презиме од страна на нивните работодавачи, деца и гости, но како „Г-дин [Презиме]“ од страна на другите слуги, претпоставени и трговци. Овие батлери биле повеќе управници и ги воделе услугите, а не услужувале. На пример, батлерот доаѓал на вратата за да ги пречека и најави формалните гости, но вратата впрочем била „отворана“ од страна на пешакот кој ги земал капутот и шеширот на гостите. Батлерот му помагал на неговиот работодавач во облекувањето на капутот, кој прво му бил додаван од страна на пешакот.

Батлерот ги ангажирал пешаците и им ги доделувал задачите и тие му давале отчет директно на него; првиот пешак (или главниот пешак) бил заменик батлер и ги извршувал должностите на батлерот во негово отсуство или кога бил болен. Во помали домаќинства женските слуги и кујнскиот персонал исто така биле директно под негова управа. Во уште помали домаќинства батлерот ја извршувал и должноста на личен слуга на неговиот работодавач.

Порано батлерите си ја заработувале својата позиција со тоа што се искачувале по ранговите на куќната послуга. Денес постојат школи за батлери; најдобрите дипломци заработуваат над 50,000 УСД уште од самиот почеток.

За време на долг временски период батлерите биле само мажи и денес ситуацијата е генерално иста. Меѓутоа денес постојат и женски батлери највеќе во исламските земји каде што е незамисливо мажи да работат со жени на интимно ниво. Школата на Ивор Спенсер ги предупредува жените дека нивното вработување не е лесно.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]