Баобаб (Baobab; науч. Adansonia) - род растенија од семејството слезови со карактеристични широки и високи дрва. Расте до 30 м во висина и 8 м во ширина. Името потекнува од арапскиот јазик, во кој растението се вика bu bibab, што значи овошно дрво со многу семиња. Потекнува од Мадагаскар каде е и национален симбол. Баобабот е раширен по саваните во Африка и Австралија.[1] Уште се нарекува и мајмунско лебно стебло. Внатре во стеблото често се собира вода па баобабот често се користи и како резервоар за вода во сушните подрачја. Во Африка листовите и јадрото од плодови се користат за јадење.
Според застарената класификација, овој род припаѓал на семејството сималовки или Bombacaceae, денес потсемејство на Bombacoideae Burnett.