Прејди на содржината

Бад Пирмонт

Координати: 51°59′12″N 9°15′49″E / 51.98667° СГШ; 9.26361° ИГД / 51.98667; 9.26361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бад Пирмонт
Панорама на Бад Пирмонт
Панорама на Бад Пирмонт
Панорама на Бад Пирмонт
Грб на Бад Пирмонт
Бад Пирмонт во рамките на Германија
Бад Пирмонт
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хамелн-Пирмонт
Градски единици 9
Градоначалник Клаус Бломе (ДХС)
Основни податоци
Површина 61,96 км2
Надм. височина 111 м
Население 19.604 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 316 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HM
Пошт. бр. 31812
Повик. бр. 05281
Портал www.stadt-badpyrmont.de
Местоположба на градот Бад Пирмонт во рамките на округот Хамелн-Пирмонт
Карта
Карта
Координати 51°59′12″N 9°15′49″E / 51.98667° СГШ; 9.26361° ИГД / 51.98667; 9.26361
Грофовија (Кнежевство) Пирмонт
Grafschaft (Fürstentum) Pyrmont
1194–1918
СтатусДржава на Светото Римско Царство,
Држава на Рајнскиот Сојуз,
Држава на Германскиот Сојуз,
Држава на Северногерманскиот Сојуз,
Држава на Германското Царство
Главен градПирмонт, Лигде
Уредувањекнежевство
Историски периодсреден век
• Одвоена од
    Шваленберг

1194
• исчезнување на линијата;
    во Шпигелберг,
    Липе, Глајхен


1494, 1557, 1583 1194
• во Валдек
1625
• 


1668
• повторно независно
1805–12
• под Прусија
од 1868
1918
• приклучена на
    пруската покраина Хановер

1921
Претходници
Наследници
Грофовија Шваленберг
Слободна Држава Валдек-Пирмонт

Бад Пирмонт (германски: Bad Pyrmont) — град во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има население близу 19.000 жители. Се наоѓа на реката Емер, околу 10 километри западно од Везер. Бад Пирмонт е омилено бањско одморалиште, кое стекнало углед уште во XVII и XVIII век. Градот е средиште на верското здружение на квекерите во Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот Бад Пирмонт се наоѓа во Везерското Средногорје помеѓу Хамелн (оддалечен 20 км) и Падерборн (оддалечен 60 км). Низ градот поминува велосипедската рута „Оранје“, кој ги поврзува градовите и областите поврзани со Оранската династија. Низ Бад Пирмонт тече реката Емер.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Градот се граничи со општините Ерцен, Емертал и Отенштајн и Фалбрух (општинска заедница Боденвердер-Поле) како и градовите Лигде, Бломберг и Барнтруп во округот Липе (Северна Рајна-Вестфалија).

Градски единици

[уреди | уреди извор]
  • Пирмонт
  • Есдорф
  • Холцхаузен
  • Тал
  • Левензен (со Фриденстал)
  • Нерзен
  • Барзен
  • Ајхенборн
  • Гросенберг
  • Клајненберг
  • Хаген

Историја

[уреди | уреди извор]

Порано бил наречен само Пирмонт, кога бил седиште на мала грофовија во средниот век. Грофовијата стекнала независност од Шваленберг во 1194 година. Независноста била одржана до исчезнувањето на владејачката линија во 1494 година, кога грофовијата била наследена од Грофовијата Шпигелберг. Во 1557 година, грофовијата била наследена од Липе, а подоцна од Грофовијата Глајхен во 1583 година.

Во 1625 година, грофовијата станала дел од многу поголемата грофовија Валдек. Во 1668 година, Царскиот камерен суд пресудил против тврдењата на Епископското кнежевство Падерборн дека Пирмонт бил обезбедување во заем, потврдувајќи ги правата на грофовите од Валдек над Пирмонт, кој го отстапил амтот Лигде — претходен седиште на грофовијата — на епископското кнежевство како надомест. ВО јануари 1712 година, грофот на Валдек и Пирмонт бил издигнат на наследен принц од царот Карло VI.

ВО краток период, од 1805 до 1812 година, Пирмонт повторно бил одвоено кнежевство како последица на поделбата по смртта на претходниот принц, но двата дела биле повторно обединети во 1812 година. Кнежевството Валдек-Пирмонт го задржало својот статус по Виенскиот конгрес во 1815 година и станал член на Германскиот Сојуз. Во 1813 година, жителите на Пирмонт започнале да протестираат поради недостигот на автономија во рамките на Валдек-Пирмонт и одвоеноста на двете територии била потврдена наредната година, кога била основана формална унија.

Од 1868 година, кнежевството било администрирано од Прусија, но го задржило законодавниот суверенитет. Пруската администрација служела за намалување на административните трошоци за малата држава и била заснована на десетгодишен договор, кој постојано бил обновуван. ВО 1871 година станала дел од новото Германско Царство. На крајот на Првата светска војна, во текот на Германската револуција принцот абдицирал и Валдек-Пирмонт станала слободна држава во рамките на Вајмарската Република. На 30 ноември 1921 година по локалниот референдум, градот и округот Пирмонт биле припоени кон пруската покраина Хановер, додека Валдек останал во пруската покраина Хесен-Насау.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Како бањски град, стопанството на Бад Пирмонт е главно насочено кон туризмот. Во градот се полни и минерална вода.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Бад Пирмонт поседува голем „бањски парк“ (Kurpark), со голема надворешна палмина градина. Барокниот замок (1706–10) — дел од големиот комплекс утврдувања кои потекнуваат од XVI век. Замокот денес е дом на градскиот музеј.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Бад Пирмонт е збратимен со следниве градови:

Личности

[уреди | уреди извор]

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  • Макс Борн (1882–1970) — физичар, добитник на Нобелова награда, кој живеел во Бад Пирмонт

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]