Прејди на содржината

Англиска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија

Современата англиска азбука има 26 букви[1] од латиницата:

Големи букви
A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z
Мали букви
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z

Староанглиски

[уреди | уреди извор]

Англискиот јазик ја прифатил латиницата приближно во VII век. Во V век почнал да се користи англосаксонскиот футорк, а по доаѓањето на латиницата, двете азбуки продолжиле да се користат паралелно за извесно време. Футоркот ѝ ги додал на латиницата буквите торн þ и уин ƿ. Подовна била смислена и буквата ет ð, како модификација на d, а најпосле норманските писари ја создале буквата јог ȝ, изведена од инсуларното g и се употребувала во староанглискиот и ирскиот заедно со каролинското g. Покрај ова се користеле и лигатурите дабл-ју (двојно V) w за vv, æsh æ за ae, и œthel œ за oe.

Англиска азбука од 1740 година, со некои необични имиња на букви. Забележлива е употребата на долга S.

Во 1011 год, писателот по име Биртферт ја подредил староанглиската азбука од нумеролошки причини.[2] Тој најприв ги подредил 24-те букви од латиницата (вкучувајќи го амперсандот), а потоа 5-те додатни англиски букви, започнувајќи со тиронската нота или онд, , кој бил специфично англиски знак за и:

A B C D E F G H I K L M N O P Q R S T V X Y Z & ⁊ Ƿ Þ Ð Æ

Современ англиски

[уреди | уреди извор]

Во современиот англиски правопис, þ, ȝ, ð и ƿ се застарени, иако þ продолжило да постои некое време, додека неговата мала буква не станала графички еднаква на y кај речиси сите ракописи. Од друга страна, u и j биле воведени како букви различни од v и i во XVI век, а w станала засебна буква, така што денешната англиска азбука има 26 букви:

Бр. Буква Назив Назив по МФА Макед. вредност
1 A a еј [eɪ] а, е
2 B b би [biː] б
3 C c си [siː] с, к
4 D d ди [diː] д
5 E e и [iː] е, и
6 F f еф [ɛf] ф
7 G g џи [dʒiː] г, џ
8 H h ејч [eɪtʃ] х
9 I i ај [aɪ] и, ај
10 J j џеј [dʒeɪ] џ
11 K k кеј [keɪ] к
12 L l ел [ɛl] л
13 M m ем [ɛm] м
14 N n ен [ɛn] н
15 O o оу [əʊ] о, оу
16 P p пи [piː] п
17 Q q кју [kjuː] к
18 R r ар [ɑ:] или [ɑr] аː, р
19 S s ес [ɛs] с
20 T t ти [tiː] т
21 U u ју [juː] ју, а, у
22 V v ви [viː] в
23 W w дабл-ју [ˈdʌbl juː] в
24 X x екс [ɛks] кс
25 Y y уај [waɪ] ј, и
26 Z z зед, зи [zɛd], [ziː] з

Апострофот исто така се користи за пишување на јазикот и е дел од многу зборови, но тој не се смета за дел од азбуката.

Македонска транскрипција

[уреди | уреди извор]
Видете: Македонска транскрипција на англискиот јазик

За транскрипција (предавање) на англиските имиња и зборови во македонски се тргнува од нивниот приближен изговор. Бидејќи за ред англиски самогласки и согласки нема соодветни во македонскиот јазик, тие се адаптираат кон оние македонски гласови што им се донекаде блиски. Од овој принцип се отстапува при имиња влезени порано во македонскиот јазик со поинаква форма.

Фонологија

[уреди | уреди извор]
Главна статија: Фонологија на англискиот јазик

Буквите A, E, I, O, U се самогласки; понекогаш Y (и многу ретко W) functions функционираат како самогласки, но почесто ова се полусамогласки. Останатите букви се согласки. Најчестата буква во англискиот јазик е буквата E. Најретки букви се Q, X и Z. Следнава листа ја објаснува честотата на секоја буква:

Честота на буквите

[уреди | уреди извор]

Најчесто употребувана буква во англискиот јазик е буквата E. Најретко употребувани се буквите J, X, Q и Z.

Оваа листа ја прикажува честотата на употреба на буквите во англискиот јазик.

по азбучен ред
A – 8.17%
B – 1.49%
C – 2.78%
D – 4.25%
E – 12.70%
F – 2.23%
G – 2.02%
H – 6.09%
I – 6.97%
J – 0.15%
K – 0.77%
L – 4.03%
M – 2.41%


N – 6.75%
O – 7.51%
P – 1.93%
Q – 0.10%
R – 5.99%
S – 6.33%
T – 9.06%
U – 2.76%
V – 0.98%
W – 2.36%
X – 0.15%
Y – 1.97%
Z – 0.07%

процентуално
E – 12.70%
T – 9.06%
A – 8.17%
O – 7.51%
I – 6.97%
N – 6.75%
S – 6.33%
H – 6.09%
R – 5.99%
D – 4.25%
L – 4.03%
C – 2.78%
U – 2.76%


M – 2.41%
W – 2.36%
F – 2.23%
G – 2.02%
Y – 1.97%
P – 1.93%
B – 1.49%
V – 0.98%
K – 0.77%
J – 0.15%
X – 0.15%
Q – 0.10%
Z – 0.07%

Апостроф

[уреди | уреди извор]

Иако не се смета за дел од англиската азбука, апострофот се користи за пишување на англиски зборови. Неколкку пара зборови можат да се разлишат само по апострофот - its (негово, ср. род) и it's (тоа е), were (беше, беа) и we're (ние сме), shed (шупа) и she'd (таа би). It also distinguishes the посесивни (присвојни) наставки -'s и -s' од честата множинска наставка -s.

Дијакритици

[уреди | уреди извор]

Дијакритиците знаци се ретки во англискиот јазик, и се јавуваат главно кај туѓите или позајмените зборови како résumé, naïve, и façade. Употребата на дијакритици е често изборна, во кај зборови како „soupçon“ кој не може да се напише поинаку ( според OED и други) мора да користи дијакритик. Понекогаш, особено во постари текстови, дијакритиците се користат за означување на слоговите на зборот: cursed (придавка - проколнат) се изговара со еден слог, додека cursèd (глагол - проколна) се изговара со две.

Лигатури

[уреди | уреди извор]

Латинските (римските) лигатури Æ и Œ сѐ уште се користат за формално запишување на зборови од грчко или латинско потекло, како „encyclopædia“ и „cœlom“. Заради недостиг на познавањана и технолошки ограничувања, (QWERTY-форматот на тастатура често во типографијата нема типки за ниедна лигатура) денес лигатурите се среќаваат како парт зборови („ae“, „oe“) во современата, неакадемска употреба. Овеи лигатури не се користат во американскиот англиски јазик (и сродните варијанти), и, воглавно, само „e“ ги заменува „ae“ („encyclopedia“) и „oe“ (на пр. „fetus“ наместо „foetus“).

Кај староанглискиот јазик, Æ била преземена како буква сама за себе и била именувана æsc („еш“), а во најраниот староанглиски, Œ исто така се јавило како засебна буква наречена œðel („етел“), и свете според футоркските руни.

Други староанглиски букви (користени и во средноанглискиот и современиот исландски јазик) се Þ (торн) и Ð (ет), двете денес се заменети со th со исклучок на инстанцата во облик на y кај неколку архаизми како Ye Olde Booke Shoppe.

Варијантата на малата буква ſ (долго s) траела до раносовремениот англиски јазик, а се користела во зборови (освен на нивните краеви) сѐ до почетокот на XIX век.

Амперсандот (&, &) понекогаш се има јавувано на крајот на англиската азбука како кај Биртферотовата список на букви од 1011 г.[2] Овој знак е всушност лигатура од буквите Et. Во снглискиот, овој знак се користи за зборот and (и) како и понекогаш за латинското et, како во кратенката &c (et cetera).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Погледајте го и заглавјето Лигатури
  2. 2,0 2,1 Michael Everson, Evertype, Baldur Sigurðsson, Íslensk Málstöð ON THE STATUS OF THE LATIN LETTER ÞORN AND OF ITS SORTING ORDER