Прејди на содржината

Амур

Координати: 52°56′50″N 141°05′02″E / 52.94722° СГШ; 141.08389° ИГД / 52.94722; 141.08389
Од Википедија — слободната енциклопедија
52°56′50″N 141°05′02″E / 52.94722° СГШ; 141.08389° ИГД / 52.94722; 141.08389
Амур
ᠰᠠᡥᠠᠯᡳᠶᠠᠨ
ᡠᠯᠠ

Сахалијан Ула Неважечки јазичен код.
黑龙江 Хејлунгѓанг
Аму́р(руски)
Хабаровскиот мост на Амур
Потекло на името: монголски: амур, „починка“)
Земји Русија, Кина
Дел од Татарски Проток
Притоки
 - леви Шилка, Зеја, Буреја, Амгун
 - десни Аргун, Хума, Сунгхуа, Усури
Градови Благовешченск, Хејхе, Тунгџанг, Хабаровск, Амурск, Комсомолск на Амур, Николаевск на Амур
Главен извор Онон-Шилка
 - место Хан Хентиј, Хентиј, Монголија
 - височина 2.045 м
 - координати 48°48′59″N 108°46′13″E / 48.81639° СГШ; 108.77028° ИГД / 48.81639; 108.77028
Спореден извор Керулен-Аргун
 - местоположба ~ 195 км од Улан Батор, Хентиј, Монголија
 - височина 1.961 м
 - координати 48°47′54″N 109°11′54″E / 48.79833° СГШ; 109.19833° ИГД / 48.79833; 109.19833
Влив на изворите
 - местоположба кај Покровка, Русија & Кина
 - височина 303 м
 - координати 53°19′58″N 121°28′37″E / 53.33278° СГШ; 121.47694° ИГД / 53.33278; 121.47694
Утока Татарски Проток
 - местоположба кај Николаевск на Амур, Хабаровски крај, Русија
 - височина м
 - координати 52°56′50″N 141°05′02″E / 52.94722° СГШ; 141.08389° ИГД / 52.94722; 141.08389
Должина 2.824 км [1]
Слив 1.855.000 км2 [1]
Истек во устие
 - просечен 11.400 м3
 - максимален 30.700 м3
 - минимален 514 м3
Сливот на Амур
Сливот на Амур
Сливот на Амур
Амур во Хабаровск
Пловила на Амур во Хејхе, Кина

Амур (руски: Аму́р, евенски: Тамур, манџурски: ᠰᠠᡥᠠᠯᡳᠶᠠᠨ
ᡠᠯᠠ
, Сахалијан Ула) или Хејлунгѓанг (кинески: 黑龙江, пинјин: Hēilóng Jiāng) — река на границата помеѓу Далечниот Исток на Русија и североисточна Кина (Внатрешна Манџурија), десетта по должина во светот. Позната е како дом на калугата, која расте до должина од 5,6 м.[2]

Името „Амур“ доаѓа од монголскиот поим Хар мөрөн, со значење „Црна Река“. Кинеското име „Хејлунгѓанг“ пак, значи „Река на Црниот Змеј“.[3]

Реката извира во ридските предели на западна Манџурија со спојување на двете големи утокиШилка и Аргун, на надморска височина од 303 м.[4] Тече во источен правец, образувајќи ја границата помеѓу Кина и Русија, па постепено прави голем лак кон југоисток во должина од 400 км, каде има многу притоки и минува низ бројни гратчиња. Кај Хума, на Амур му се приклучува притоката Хума, а потоа тече на југ и значајно се проширува меѓу градовите Благовешченск (Русија) и Хејхе (Кина) поради дотокот од притоката Зеја.

Во следниот дел од течението, Амур прави лак во источен правец, а потоа пак свртува на југоисток, каде се спојува со реката Буреја. Во следниве 250 км нема ниедна значајна притока, за потоа кај Тунгџанг да му се приклучи најголемата притока — Сунгхуа (Сунгари). Тука врти на североисток и тече кон Хабаровск, каде се спојува со реката Усури и повеќе не ја исцртува државната граница. Одовде Амур добива впечатливо расплетено течение, одејќи на север-североисток низ широка долина во источна Русија, каде минува низ градовите Амурск и Комсомолск на Амур. По околу 200 км долината се стеснува и тече на север низ рамничарски предели кај утоката Амгун. Набргу реката нагло свртува на исток и навлегува во естуар кај Николаевск на Амур. По околу 20 км се влева во Татарскиот Проток (Охотско Море) помеѓу континентална Русија и островот Сахалин.

Хидрологија

[уреди | уреди извор]

Просечниот годишен истек на реката се движи од 6.000 м3/с (1980) до 12.000 м3/с (1957), што дава просек од 9.819 м3/с (310 км3) по година. Откога започнале мерењата, Амур бил најполноводен во октомври 1951 г. со 30.700 м3/с, најмалку вода е забележана во март 1946 г. со само 514 м3/с.[5]

Течејќи низ североисточна Азија во должина од 4.444 км, од планините на североисточна Кина до Охотското Море (кај Николаевск на Амур), Амур има мошне впечатлив слив составен од пустински предели, степи, тундри и тајги.

Историја и значење

[уреди | уреди извор]

По течението на реката во минатото постоеле две геополитички целини, наречени Надворешна (Приамурје) и Внатрешна Манџурија. По реката се наречени кинеската покраина Хејлунгѓанг (на јужниот брег) и Амурската област (на северниот). Манџурците исто така ја нарекувале „Црна Река“ (Сахалијан ула) и ја сметале за света. Ова верување преовладувало и во Кина, кога со неа владеела манџурската династија Ќинг.

Амур претставува важен симбол и геополитички фактор во кинеско-руските односи, и имал особено значење во прекинот на односите помеѓу Кина и СССР во 1960-тите години.

Долината на Амур со векови е дом на повеќе тунгуски народи (Евенки, Солони, Душери, Нанајци, Улчи) и Монголци (Даури), како и Нивхите (кај устието). Поголемиот дел од овие народи се занимавале со рибарство како главен начин на издршка. Сè до XVII век, овие народи не им биле познати на Русите, а Кинезите имале доста оскудни сознанија, нарекувајќи ги „Диви Џурчени“. Нанајците и сродните групи ги нарекувале „Рибокожи Татари“ (Јупи даце) поради облеките изработени од рибини кожи.

Монголската власт во Кина (династија Јуен) одржувала послабо воено присуство во долното течение на Амур во XIII-XIV век. Кај селото Тир се ископани рушевини од храм од овој период.[6]

За време на царевите Јунгле и Сјуенде (ран XV век), кинеската династија Минг досегнала до Амур со намера да воспостави контрола врз соседните краишта на североисток, кои подоцна станале Манџурија. Ова се одвивало помеѓу 1411 и почетокот на 1430-тите, кога експедициите предводени од евнухот Јишиха на неколку наврати стигнале до Тир и двапати го обновувале храмот Јунгнинг, а постигнале номинална приврзаност на племињата во долното течение на Амур кон Кина.[7][8] Некои извори велат дека Кинезите во овој период биле присутни и во средното течение на реката, каде 20 години постоело упориште Јунгле на левиот (северозападен) брег, низводно од устието на Зеја (спроти подоцнежниот Ајгун).[9] Присуството на династијата Минг во овој период секој случај било краткотрајно, чии војски набргу се повлекле во јужна Манџурија.

Во XVII век избил пограничен конфликт преку реката Амур помеѓу Русија, која се ширела во источен Сибир и неодамна дојдената династија Ќинг, која потекнувала од југоисточна Манџурија. Со козачки експедиции (1643-1644 и 1649–1651) предводени од Василиј Појарков и Ерофеј Хабаров, Русите го истражиле Амур и неговите притоки, а потоа воспоставиле упориште во горното течение во Албазин, поранешната престолнина на Солоните.

Во овој период, династијата Ќинг била прекоупирана со војување во самата Кина, но по неколку децении, царот Кангси го свртеле вниманието на северноманџурското соседство. Во 1683-1684 г. е основан Ајгун и испратени се воени експедиции спротиводно од течението со цел да се истиснат Русите, чие пристутво во Албазин го попречувало собирањето на самурови крзна од Солоните и Даурите.[10] Во 1685 г. Кинезите го зазеле Албазин по краток поход, а судирите завршиле по четири години, со склучувањето на Нерчинскиот договор (1689), со кој Кина ја сета долина на Амур од утоката на реките Шилка и Аргун надолу.

Во текот на следните век и пол, Амур останал релативно зафрлен крај на Кинеското царство, чие единствено поважно населено место било Ајгун. Русите се навратиле во подрачјето кон средината на XIX век, приморувајќи ја Кина да им ги предаде краиштата северно од реката со Ајгунскиот договор (1858). Малку подоцна Русија ги добила и пределите источно од Усури и долното течение на Амур, овој пат со Пекиншката спогодба од 1860 г.

По преземањето на краиштата, руските власти организирале помасовно населување, при што се основани повеќе градови како Благовешченск и (подоцна) Хабаровск.

Кон крајот на XIX век по Амур се одвивал прилично густ сообраќај од пароброди и баржи и се ископувало злато од речните наноси. Сообраќајот на реката во голема мера настрадал во Граѓанската војна (1918-22). Во 1920-тите по Амур патролирале два воени брода на кинеските националистички сили набавени од Германија.

Мостови и тунели

[уреди | уреди извор]

Прв траен мост преку Амур е Хабаровскиот мост, изграден во 1916 г. како премин за Транссибирската железница преку целата година без тракети и монтажни пруги по мразот. Во 1941 г. е пуштен и железнички тунел.

Подоцна се изградени уште еден железнички мост во Комсомолск на Амур (1975) и автопатен мост во Хабаровск (1999). Во најново време се вршат подготовки за иградба на мост од Нижнеленинское во Русија до Тунгџанг во Кина, долг 2,2 км. Главна намена на мостот е пренос на железна руда од коповите во Кимкан на англиското претпријатие „Петропавловск“, кое учествува во финансирањето на проектот[11]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Амур“. Енциклопедија „Британика“. Универзитет на Валенсија. 1995. Архивирано од изворникот на 2011-04-13. Посетено на 2010-03-19. (англиски)
  2. C.Michael Hogan. 2012. „Амур“ — Енциклопедија на Земјата, тем. ур. Питер Сондри (англиски)
  3. „Амур“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 26 ноември 2012. (англиски)
  4. Надморската височина на изворот е добиена од Google Земја
  5. „Амур во Комсомолск“. УНЕСКО. Архивирано од изворникот на 2012-08-12. Посетено на 2008-08-14. (англиски)
  6. Головачев В. Ц., «Тырские стелы и храм „Юн Нин“ в свете китайско-чжурчжэньских отношений XIV—XV вв.» Этно-Журнал, 14 ноември 2008
  7. L. Carrington Godrich, Chaoying Fang (editors), "Dictionary of Ming Biography, 1368–1644". Volume I (A-L). Columbia University Press, 1976. ISBN 0-231-03801-1
  8. Shih-Shan Henry Tsai, "Perpetual Happiness: The Ming Emperor Yongle". University of Washington Press, 2002. ISBN 0-295-98124-5 Делумен текст на Google Книги. стр. 158-159.
  9. Du Halde, Jean-Baptiste (1735). Description géographique, historique, chronologique, politique et physique de l'empire de la Chine et de la Tartarie chinoise. V. Paris: P.G. Lemercier. стр. 15–16.
  10. Du Halde (1735), стр. 15-16
  11. ANDREW E. KRAMER (9 јуни 2010), „China's Hunger Fuels Exports in Remote Russia“, The New York Times

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]