Алмштет (германски: Almstedt) — село и поранешна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2016 година е дел од општината Зибесе.
Општината Алмштет била составена од истоименото село и помалото село Зегесте. Во двете села има значајни стари цркви и добро зачувани фахверк градби. Црквата во Зегесте е изградена во 1770 година.