Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.566 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Знамето на Мамелучкиот Султанат според Каталонскиот атлас и картата на Анџелино Далорто
Знамето на Мамелучкиот Султанат според Каталонскиот атлас и картата на Анџелино Далорто

Мамелучки Султанат — држава која владеела со Египет, Левант и Хиџаз (западна Арабија) од средината на 13. до почетокот на 16. век. Султанатот бил управуван од воена каста на мамлуци (војници робови) на чело со султанот, а абасидските калифи биле номинално суверени. Султанатот бил основан со соборувањето на Ајубидската династија во Египет во 1250 година а земјата престанала да постои по војната со Отоманското Царство во 1517 година. Историјата на Мамлуците генерално е поделена на турски или бахриски период (1250-1382) и черкески или бурџиски период (1382-1517), наречен по доминантната етничка припадност или корпус на владејачките Мамлуци во текот на овие соодветни периоди.

Првите владетели на султанатот потекнувале од мамелучките полкови на ајубидскиот султан ас-Салих Ајуб (вл. 1240–1249), узурпирајќи ја власта од неговиот наследник во 1250 година. Мамелуците под султанот Кутуз и Бајбарс ги поразиле Монголите во 1260 година, запирајќи го нивното ширење кон југ. Тие потоа ги освоиле или стекнале власт над сириските кнежевства на Ајубидите. До крајот на 13 век, преку напорите на султаните Бајбарс, Калавун (вл. 1279–1290) и ел-Ашраф Калил (вл. 1290–1293), ги освоиле државите на крстоносците, се прошириле во Макурија (Нубија), Киренаика, Хеџаз и јужна Анадолија. Тогаш султанатот доживеал долг период на стабилност и просперитет за време на третото владеење на ел-Насир Мухамед (владеел 1293–1294, 1299–1309, 1310–1341), пред да отстапи место на внатрешните судири што го карактеризираат наследувањето на неговите синови, кога вистинската власт ја држеле високи емири. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Мрка слузница (Parablennius gattorugine) во Националниот парк Арабида, Португалија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Карта на Охридската патријаршија
Карта на Охридската патријаршија
На денешен ден…

Денес е 22 јануари 2025 г.

Настани:

1506  Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
1727  Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.
1964  Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).
1978  Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
1990  Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .
2001  Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

Родени:

1561  Френсис Бејкон — англиски филозоф, научник, есеист и државник, еден од основачите на современиот материјализам.
1788  Џорџ Гордон Бајрон — англиски поет од времето на романтизмот.
1875  Дејвид Грифит — американски филмски режисер.
1879  Франсис Пикабија — француски сликар.
1898  Сергеј Ејзенштајнсоветски филмски режисер и теоретичар.
1907  Дикси Дин — англиски фудбалер.
1909  У Тант — бурмански дипломат и почесен граѓанин на Скопје.
1911  Бруно Крајски — австриски политичар.
1924  Мира Траиловиќ — српска театарска режисерка.
1924  Џ. Џ. Џонсон — американски џез-музичар.
1931  Сем Кук — американски соул-пејач.
1936  Предраг Живковиќ Тозовац — српски фолк-пејач.
1953  Џим Џармуш — американски филмски режисер.
1955  Рајко Жижиќ — српски и југословенски кошаркар.
1964  Најџел Бен — британски боксер.
1964  Стојко Вранковиќ — хрватски и југословенски кошаркар.
1977  Хидетоши Наката — јапонски фудбалер.
1987  Дмитриј Комбаров — руски фудбалер.
1987  Кирил Комбаров — руски фудбалер.
1988  Марсел Шмелцер — германски фудбалер.
1990  Артем Волвич — руски одбојкар.
2001  Страхиња Ераковиќ — српски фудбалер.
2007  Пау Кубарси — шпански фудбалер.

Починале:

1919  Карл Ларсон — истакнат шведски битово-историски сликар.
1994  Тели Савалас — американски глумец.
1997  Ордан Петлески — македонски академски сликар.
2004  Руди Шелиго - словенечки писател и политичар.
2017  Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата Кен (Can).
2021  Хенк Арон — американски бејзбол играч.
2022  Аки Рахимовски — македонско-хрватски пејач, член на рок- групата Парни ваљак.
2024  Џиџи Рива — италијански фудбалер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич