Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 148.500 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Повеќебранова (рендген, инфрацрвена и оптичка) слика на остатоците од суперновата Јохан Кеплер (СН 1604), сликана од опсерваторијата Чандра.
Повеќебранова (рендген, инфрацрвена и оптичка) слика на остатоците од суперновата Јохан Кеплер (СН 1604), сликана од опсерваторијата Чандра.

Супернова — моќна и светла експлозија на ѕвезда. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од зрачење кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да испушти толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век.

Супернова се јавува за време на последните еволутивни ѕвездени развои на масивна ѕвезда, или кога бело џуџе е активирано во нуклеарна фузија. Оригиналниот објект, наречен предок, или колабира до неутронска ѕвезда или црна дупка, или е целосно уништен за да формира дифузна маглина. Врвната оптичка сјајност на супернова може да се спореди со онаа на цела галаксија пред да избледи во текот на неколку недели или месеци.

Последната супернова директно забележана на Млечниот Пат била Кеплеровата Супернова во 1604 година, која се појавила недолго по Тиховата Супернова во 1572 година. И двете биле видливи со голо око. Биле пронајдени остатоци од поновите супернови, а набљудувањата на суперновите во други галаксии сугерираат дека тие се случуваат во Млечниот Пат во просек околу три пати секој век. Супернова на Млечниот Пат речиси сигурно би можела да се набљудува преку современите астрономски телескопи. Најновата супернова со голо око била SN 1987A, која претставувала експлозија на сина суперџинова ѕвезда во Големиот Магеланов Облак, придружна галаксија на Млечниот Пат. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Блатна желка (Emys orbicularis hellenica) во Националниот парк Бутринт, Албанија.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Карта на Охридската патријаршија
Карта на Охридската патријаршија
На денешен ден…

Денес е 19 јануари 2025 г.

Настани:

1419  Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија.
1806  Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж.
1853  Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим.
1861  Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД.
1899  Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет.
1915  Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето.
1945  Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900.
1966  Индира Ганди станала премиер на Индија.
1969  Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на Вацлавскиот плоштад во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет.

Родени:

1544  Франсоа II — крал на Франција.
1736  Џејмс Ват — англиски физичар и пронаоѓач.
1798  Огист Конт — француски филозоф.
1809  Едгар Алан По — северноамерикански поет и писател.
1839  Пол Сезан — француски сликар.
1847  Милован Глишиќ — српски писател.
1868  Густав Мајринк — австриски писател.
1871  Дамјан Груев — македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО.
1879  Симеон Радев — публицист и новинар.
1912  Леонид Канторович — советски математичар и економист, добитник на Нобеловата награда.
1921  Јанез Врховец — српски и југословенски глумец.
1925  Кирил Македонски — македонски композитор.
1941  Климе Савин — македонски пливачки маратонец и спортски работник.
1943  Џенис Џоплин — американска рок-пејачка.
1945  Драган Холцер — југословенски фудбалер.
1949  Роберт Палмер — англиски поп-рок музичар.
1952  Ирфан Менсур — босански и српски глумец.
1960  Момчило Грошев — македонски фудбалер.
1960  Ал Џојнер — американски атлетичар.
1960  Жарко Лаушевиќ — југословенски и српски глумец.
1962  Џеф ван Ганди — американски кошаркарски тренер.
1966  Стефан Едберг — шведски тенисер.
1969  Лук Лонгли — американски кошаркар.
1969  Предраг Мијатовиќ — црногорски и југословенски фудбалер.
1979  Светлана Хоркина — руска гимнастичарка.
1980  Влатко Илиевски — македонски кошаркар.
1980  Џенсон Батон — британски возач, светски првак во „Формула 1“.
1986  Клаудио Маркизио — италијански фудбалер.
1990  Начо — шпански фудбалер.
1998  Александер Шмит — австриски фудбалер.

Починале:

1526  Изабела — данска кралица.
1576  Ханс Закс — германски поет, мајстор-пејач, драматург и деец на реформацијата
1938  Бранислав Нушиќ — српски комедиограф, сатиричар и критичар.
1998  Карл Перкинс — американски кантри-пејач.
2000  Хеди Ламар — австриско-американска глумица.
2002  Вава — бразилски фудбалер.
2004  Мирослав Павловиќ — српски и југословенски фудбалер.
2006  Вилсон Пикет — американски соул-пејач.
2016  Еторе Скола — италијански режисер.

Празници:

Водици (Богојавление).
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич