Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 147.642 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Свети Климент Охридски
Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски (о. 840 - 916) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Главните извори за животот на Климент се два средновековни документи напишани на грчки јазик. Пораниот и подеталниот од двата документи е едно житие на Климент напишано од Теофилакт, архиепископ охридски (1084-1107). За Теофилактовото Пространо житие се смета дека е пишувано врз основа на содржината на исчезнатото Прво словенско житие, составено од климентовите следбеници и ученици веднаш по неговата смрт. Треба да се има предвид дека Теофилакт извршил адаптација на неговата содржина, согласно идеолошките и црковно-политичките интереси на Византија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Бездомник како спие на авенијата „Паулиста“ во Саун Пауло, Бразил.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Остатоци од римската бања во Банско
Остатоци од римската бања во Банско
На денешен ден…

Денес е 3 декември 2024 г.

Настани:

1942  Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година.
1944  Грчка граѓанска војна: Во Атина избиле судири помеѓу ЕЛАС и владините сили поддржани од британската војска.
1967  Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата „Гроте Шур“, за првпат во историјата, е извршено успешно пресадување на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.
1984  Во Бопал, Индија, во фабриката за пестициди во мнозинска сопственост на американската компанија „Јунион Карбид“ се случила катастрофа во која загинале повеќе од 3.800 луѓе, а помеѓу 150.000 и 600.000 луѓе претрпеле здравствени последици. Бопалската катастрофа претставува најголема индустриска катастрофа во светот.
1993  САД отворија Канцеларија за врски во Скопје, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман.
1997  Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.
2012  Најмалку 475 луѓе загинале кога тајфунот „Бофа“ ги погодил Филипините.

Родени:

1368  Шарл VI Лудиотфранцуски крал.
1447  Бајазит IIотомански султан.
1800  Франце Прешерн — словенечки поет.
1830  Фредерик Лејтон — англиски академски сликар.
1857  Џозеф Конрад — англиски писател.
1883  Антон Веберн - австриски композитор и диригент.
1911  Нино Рота - италијански композитор.
1922  Свен Никвист — шведски кинематограф.
1923  Стјепан Бобек — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1930  Жан-Лик Годар — француско-швајцарски режисер.
1942  Педро Роча — уругвајски фудбалер.
1945  Божидар Димитров — бугарски историчар и политичар.
1948  Ози Озборн — англиски пејач, член на групата „Блек сабат“.
1953  Франц Кламер — австриски скијач.
1960  Дарил Хана — американска глумица.
1960  Џулиен Мур — американска глумица.
1960  Игор Ларионов — руски и советски хокеар.
1965  Ендрју Стентон — американски режисер.
1965  Катарина Вит — германска лизгачка.
1968  Брендан Фрејзер — канадско-американски глумец.
1977  Ксенија Пајчин — српска пејачка, .
1977  Адам Малиш — полски ски-скокач.
1981  Давид Вилја — шпански фудбалер.
1982  Мишел Есиен — гански фудбалер.
1984  Аврам Пападопулос — грчки фудбалер.
1985  Ласло Чех — унгарски пливач.
1987  Мануеле Боаро — италијански велосипедист.
1990  Кристијан Бентеке — белгиски фудбалер.
1997  Мајкл Норман — американски атлетичар.

Починале:

1154  Анастасиј IV — римски папа.
1533  Василиј III Московскикнез на Московското Кнежевство.
1888  Карл Цајс — германски оптичар.
1894  Роберт Луис Стивенсон — шкотски писател.
1919  Пјер Огист Реноар — француски сликар.
1937  Јожеф Атила — унгарски поет.
1941  Павел Филонов — руски и советски сликар и поет.
1949  Елин Пелин — бугарски писател.
1956  Александар Родченко — руски и советски сликар и вајар.
1965  Благоја Стефановски - Гојчо — македонски револуционер.
1980  Драги Костовски — македонски артист.
1991  Стојан Гогов — доајен на народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.
1993  Саво Костовски — македонски првоборец.
1994  Франтишек Вацлав Мареш — професор по славистика.
2012  Злата Петковиќ — српска глумица.
2015  Скот Вејланд — американски рок-пејач, член на групата Stone Temple Pilots.
2015  Благоја Стефановски — македонски политичар.
2020  Алисон Лури — американска писателка.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич