Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.
Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.
Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)
... дека кафето станало пораспространето во Западна Европа откако било прифатено за „христијански пијалак“ од папата Климент VIII?
... дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
...дека роденото име на Бранислав Нушиќ е Алкибијад Нуша бидејќи татко му бил Влав од битолското село Магарево?
...дека геолозите ги прифатиле тектонските плочи дури кон крајот на 1960-тите?
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?