Грчка народноослободителна армија
Грчка народноослободителна армија | |
---|---|
Учесник во Грчка граѓанска војна | |
Период на делување | декември 1941 – 15 февруари 1945 |
Водачи | Арис Велокиотис Стефанос Сарафис Андреас Симас |
Бројност | 77,535 борци од кои 6,000 Македонци 50.000 (резервен состав), од кои речиси половина биле Македонци. |
Дел од | Народноослободителен фронт |
Противници | Нацистичка Германија, Кралство Италија, |
Грчката народноослободителна армија (ЕЛАС, на грчки: Ελληνικός Λαϊκός Απελευθερωτικός Στρατός, ΕΛΑΣ, Еллиникόс Лајикόс Апелефтеротикόс Стратόс) е воено крило на левичарскиот Националноослободителен фронт (ЕАМ) за време на окупацијата на Грција во текот на Втората светска војна.
Раководена од Комунистичката партија на Грција. Активна е од декември 1941 до 1945, кога со Договорот од Варкиза потпишан меѓу водачите на ЕЛАС и привремената влада е договорено нејзиното разоружување.
Оформување
[уреди | уреди извор]Во почетокот на октомври, 1941 година бил формиран воен центар за отпор со задача да ги проучи проблемите на организацијата на народноослободителната војска во водењето на партизанската војна. Во втората половина на декември 1941 година бил формиран и Централниот комитет на ЕЛАС. ЦК на ЕЛАС бил реорганизиран во Главен воен штаб на народно ослободителното движење и одиграл значајна улога во организирањето и раководењето на ЕЛАС. Во редовите на активниот состав на ЕЛАС служеле 77.535 борци, од кои 6.000 Македонци.[1]
Организирани биле во десетина дивизии, еден корпус, 6 полка и други единици. Покрај активниот состав, бил организиран и резервен составод околу 50.000 борци, од кои речиси половина биле Македонци.[1]
Иако ЕЛАС за време на Граѓанската војна во Грција води опуртунистичка политика спрема македонското малцинство, Македонците сепак влегуваат во редовите на ЕЛАС и се борат против фашистичката окупација. Под притисок на сè поголемиот број на Македонци борци за создавање на самостојни батаљони составени само од Македонци, ЕЛАС се согласува со создавањето на СНОФ, а во 1946, бивши кадри на СНОФ, ја формираат македонската воено-политичка организација НОФ
Распуштање на ЕЛАС
[уреди | уреди извор]Врз оснона на склучениот договор од Варкиза меѓу грчката влада и ЦК ЕАМ, со наредба од 15 февруари 1945 година, Флавниот штаб на ЕЛАС извршил демобилизација на борците.[1]
Оваа статија е дел од темата |
Комунистичка партија на Грција |
---|
Комунистички портал Политика на Грција |
Наводи
[уреди | уреди извор]
|