Прејди на содржината

Шикоку

Од Википедија — слободната енциклопедија
Положбата на Шикоку во Јапонија

Шикоку (јапонски: четири провинции) е најмалиот и најненаселениот од четирите главни острови во Јапонија. Неговите антички имиња биле Iyo-no-futana-shima (伊予之二名島), Iyo-shima (伊予島), и Futana-shima (二名島). Денешното име се однесува на четирите провинции од кои се состои островот: Ава, Ијо, Сануки и Тоса.

Островот Шикоку, заедно со неговите околни островчиња зафаќа околу 18,800 км2 и се состои од четири општини: Ехиме, Кагава, Кочи и Токушима. Тој е поврзан со Хоншу преку воден и воздушен пат, а од 1988 година - со мрежата на мостови Голем Сето Мост. Пред изградбата на мостовите, Шикоку беше изолиран од останатиот дел на Јапонија.