Прејди на содржината

Татри

Од Википедија — слободната енциклопедија

Татри (полски и словачки: Tatry) е планински венец на границата помеѓу Словачка и Полска и претставуваат најголем дел од Карпатите. Најголемиот дел, како и сите најголеми врвови, на Татрите се наоѓаат во Словачка вклучувајќи го и највисокиот врв Герлаховски Штит (Gerlachovský štít) со неговите 2655 метари надморска височина.

Татрите се состојат од Западни Татри (Západné Tatry, Tatry Zachodnie) и Источни Татри (Východné Tatry, Tatry Wschodnie).

Источните Татри ги сочинуваат Бељанските Татри (Belianske Tatry, Tatry Bielskie) и Високите Татри (Vysoké Tatry, Tatry Wysokie) со преку 24 врва со повеќе од 2500 метри надморска височина и кои претставуваат единствен алпски предел долг 1200 км, карпатски масив.