Просечно глобално покачување на морското ниво со текот на времето
Покачување на морското ниво — појава при којашто доаѓа до покачување на морското ниво како последица на климатските промени. Помеѓу 1900 и 2017 година, просечното глобално ниво на морето се зголемило за 16-21 цм. Попрецизни податоци собрани од мерењата на сателитски радар откриваат забрзан пораст од 7,5 см од 1993 до 2017 година (во просек за 2,9 мм годишно). Ова забрзување се должи најмногу на климатските промени, кои вклучуваат загревање на океанот и топење на копнените ледени плочи и ледниците. Помеѓу 1993 и 2018 година, топлинското ширење на водата придонела за 42% за зголемување на нивото на морето; топење на умерените ледници, 21%; Гренланд, 15%; и Антарктикот, 8%.Климатолозите очекуваат стапката дополнително да се забрза во текот на 21 век, при што најновите мерења велат дека нивото на морето во моментов се зголемува за 3,6 мм годишно.
Проектирањето на идното ниво на морето е предизвик, поради сложеноста на многу аспекти на климатскиот систем и временските заостанувања во реакциите на нивото на морето на промените на температурата на Земјата. Бидејќи климатските истражувања во минатото и сегашното ниво на морето доведуваат до подобрени компјутерски модели, проекциите постојано се зголемуваат. Во 2007 година, Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) проектирал највисока проценка од 60 цм до 2099 година, но нивниот извештај од 2014 година ја зголемил највисоката проценка на околу 90 цм. Голем број подоцнежни студии заклучиле дека глобалното покачување на морското ниво од 200–270 цм овој век е „физички веродостојно“. Конзервативната проценка на долгорочните проекции е дека секој Целзиусов степен на пораст на температурата предизвикува пораст на нивото на морето за приближно 2,3 м во период од два милениуми (2.000 години): пример за климатска инерција. Во февруари 2021 година, еден труд објавен во Ocean Science сугерирал дека минатите проекции за глобалното покачување на нивото на морето до 2100 година, пријавени од IPCC, најверојатно се конзервативни и дека нивото на морето ќе се зголеми повеќе од претходно очекуваното. (Дознајте повеќе...)
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
Започнува Париската Комуна. Француската влада пристапила кон разоружување на париската Национална гарда, но граѓаните одбија да го предадат оружјето и топовите и ги протерале претставниците на владата.