Уметничко толкување кое го прикажува животот на масивна ѕвезда како јадрено соединување ги претвора полесните елементи во потешки. Кога соединувањето повеќе не создава доволно притисок за да се спротивстави на гравитацијата, ѕвездата брзо колабира и настанува црна дупка. Теоретски, енергијата може да се ослободи за време на колапсот долж оската на вртење за да настане гама-изблик.
Гама-изблиците првпат биле откриени во 1967 година од сателитите Вела, кои биле дизајнирани да забележуваат тајни тестови за јадрено оружје; по темелна анализа, ова било објавено во 1973 година. По нивното откритие, стотици теоретски модели биле предложени за објаснување на овие изблици, како што се судирите меѓу кометите и неутронските ѕвезди. Малку информации биле достапни за да бидат потврдени овие модели сè до откривањето на првите рендгенски и оптички последователни блесоци во 1997 година и директно мерење на нивните црвени поместувања со помош на оптичка спектроскопија, а со тоа и нивните растојанија и енергетски излези. Овие откритија, и последователните студии на галаксиите и суперновите поврзани со изблиците, ја разјасниле оддалеченоста и сјајноста на гама-изблиците, дефинитивно ставајќи ги во далечните галаксии. (Дознајте повеќе...)
... дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварско Пожаране?
... врвот на вулканот Чимборасо во Еквадор е најоддалечената точка на Земјата од нејзиното средиште?
... дека хемискиот елемент индиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојата индиго која ја оддава при спектроскопско набљудување?
... дека кафето станало пораспространето во Западна Европа откако било прифатено за „христијански пијалак“ од папата Климент VIII?
... дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
...дека роденото име на Бранислав Нушиќ е Алкибијад Нуша бидејќи татко му бил Влав од битолското село Магарево?
...дека геолозите ги прифатиле тектонските плочи дури кон крајот на 1960-тите?
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?