Како да го откажам Max?

Работи што треба да ги знаеш
  • Претплатата на Max автоматски се обновува додека не ја откажеш.
  • Претплатата не се откажува со бришење на апликацијата Max.
  • Откажи ја претплатата пред следниот датум на наплата за да избегнеш идни плаќања.

Претплатите на Max се достапни преку повеќе оператори. Чекорите за откажување се разликуваат во зависност од тоа кој ти наплаќа. Ако знаеш кој ти наплаќа, скокни на Чекор 2.

За да дознаеш како да го откажеш додатокот Спорт, оди на Управувај со додатокот Спорт.

Чекор 1: откриј кој ти наплаќа

Еве како да откриеш кој ти наплаќа за Max:

  1. Направи едно од следниве:
    • Веб: оди на max.com/subscription и најави се (ако е потребно). Не можеш да се најавиш?
    • Телефон, таблет или компјутер: во Max, избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: во Max, избери ја иконата за Поставки запченик (долу десно), па Претплата.
  2. Тука ќе видиш преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот), а преку кого додатокот Спорт (ако е применливо). Основниот пакет и додатокот Спорт може да се наплаќаат преку различни страни.

Може да провериш и во банкарските изводи или да прашаш кај операторот за интернет, мобилен телефон или телевизија дали тој ти наплаќа за Max.

Чекор 2: откажи ја претплатата

Ако ти се наплаќа преку нас, еве како да ја откажеш претплатата на основниот пакет:

  1. Оди на max.com/subscription и најави се (ако е потребно). Не можеш да се најавиш?
  2. Избери Откажи ја претплатата.
    Нема опција за откажување? Види преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот) и најди гo во делот Наплата преку трети страни подолу.
  3. Потврди го откажувањето и најди го датумот на истекување.

Може да гледаш додека не престане да важи претплатата на крајот на периодот на наплата. Ако го имаш додатокот Спорт, тој ќе биде откажан кога ќе престане да важи основната претплата и ќе добиеш рефундирање за преостанатите денови за додатокот.

За повеќе информации, оди на Промени ја претплатата што се наплаќа преку Max.

Наплата преку трети страни

Најди преку кого ти се наплаќа основната претплата подолу:

Amazon Appstore (во одредени земји)

Ако ти се наплаќа преку Amazon Appstore, еве како да откажеш:

  1. Оди на Amazon.com/appstoresubscriptions и најави се на сметката на Amazon.
  2. Во делот Твои претплати, најди ја претплатата на Max и исклучи го автоматското обновување.

Треба да добиеш е-порака од Amazon за потврда на откажувањето. Може да гледаш додека не престане да важи претплатата на крајот на периодот на наплата. Ако го имаш додатокот Спорт, тој ќе биде откажан кога ќе престане да важи основната претплата и ќе добиеш рефундирање за преостанатите денови за додатокот.

За повеќе помош, оди на написот на Amazon Управувај со претплатата.

Apple

Ако ти се наплаќа преку Apple, еве како да откажеш:

  1. На iPhone или на iPad, отвори ја апликацијата Поставки.
    Ако немаш уред со iOS, оди до написот на Apple Откажи претплата.
  2. Избери го твоето име.
  3. Избери Претплати (ако се бара, најави се со ИД на Apple).
  4. Избери Max во списокот со претплати, па Откажи претплата.
    Не можеш да го најдеш? Провери дали се имаш најавено со истиот ИД на Apple што го користеше за купување на претплатата. За помош, оди на написот на Apple Не можам да ја најдам претплатата.

Треба да добиеш е-порака од Apple за потврда на откажувањето. Може да гледаш додека не престане да важи претплатата на крајот на периодот на наплата.

Google Play

Ако ти се наплаќа преку Google, еве како да откажеш:

  1. На телефон или на таблет со Android, отвори ја апликацијата Play Store.
    За да откажеш на компјутерот, оди на написот на Google Откажи претплата на Google Play.
  2. Најгоре десно, избери ја иконата на профилот.
  3. Избери Плаќања и претплати, а потоа Претплати.
  4. Избери Max во списокот со претплати, па Откажи претплата.
    Не можеш да го најдеш? Провери дали се имаш најавено со истата сметка на Google што ja користеше за купување на претплатата. За помош, оди на Откажи ја претплатата од Google.

Треба да добиеш е-пошта од Google Play за потврда на откажувањето. Може да гледаш додека не престане да важи претплатата на крајот на периодот на наплата. Ако го имаш додатокот Спорт, тој ќе биде откажан кога ќе престане да важи основната претплата и ќе добиеш рефундирање за преостанатите денови за додатокот.

Samsung TV

Ако ти се наплаќа преку Samsung, еве како да откажеш:

  1. Оди на samsungcheckout.com и најави се на сметката на Samsung.
    За да ја откажеш претплатата преку Samsung TV, оди на написот на Samsung Откажи претплата.
  2. Од менито Историја на купувања, избери Претплати.
  3. Најди ја претплатата на Max и избери Откажи претплата

Откако ќе откажеш, треба да добиеш е-порака од Samsung за потврда на откажувањето. Може да гледаш додека не престане да важи претплатата на крајот на периодот на наплата. Ако го имаш додатокот Спорт, тој ќе биде откажан кога ќе престане да важи основната претплата и ќе добиеш рефундирање за преостанатите денови за додатокот.

Ако ти треба помош да ја откажеш претплатата што се наплаќа преку Samsung, контактирај нѐ.

Канали на Prime Video (во одредени земји)
  1. Оди на amazon.com/video/subscriptions/manage и најави се со сметката на Amazon (ако се бара).
  2. Најди го Max во делот Твои канали.
  3. Избери ја опцијата Откажи канал и потврди.

За повеќе помош, оди на написот на Amazon Откажи ја претплатата за Prime Video.

Оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија

Најави се на веб-локацијата на операторот, оди во неговиот Центар за помош или контактирај со него.

Бараш нешто друго?

Ти треба помош да се најавиш? Оди на Не можам да се најавам.


'; // Check if Pypestream is down var isPypestreamDown = 0; var contactUsHref = isPypestreamDown ? '/mk-mk/ContactUs/Topic' : 'javascript:void(0);'; // Generate the HTML with the conditional ContactUsLink //AnsFeedbackRow.innerHTML += '
' + ThankYouLabel + '
' + StillNeedHelpLabel + ' ' + ContactUsLabel + '.
'; AnsFeedbackRow.innerHTML += '
' + StillNeedHelpLabel + ' ' + ContactUsLabel + '.
'; }