Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook!
Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека на 13 февруари 2025 година ќе се одржи уредувачки ден на тема „Дакијци“.
Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот 10 февруари до 9 март 2025 година ќе се одржи уредувачки натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“. Прочитајте ги правилата и вклучете се!
Се известуваат членовите на Вики Клубовите дека во периодот од 1 до 28 февруари 2025 година се одржува уредувачки натпревар „Запознајте ја Словенија“. Приклучете се и освојте една од наградите!
Во тек е гласање по предлозите за користењето извори од отоманскиот период.
Кајперовиот Појас го добил името по холандскиот астроном Џерард Кајпер, иако тој не го предвидел неговото постоење. Во 1992 година била откриена мала планета, наречена 15760 Албион, првиот објект на Кајперовиот Појас по Плутон и Харон. Од неговото откритие, бројот на познати објекти од Кајперовиот Појас (ОКП) се зголемил на над илјада, а повеќе од 100.000 со над 100 километри во пречник се смета дека постојат. Првично се сметало дека Кајперовиот Појас е главното складиште за периодични комети, оние со орбити кои траат помалку од 200 години. Проучувањата од средината на 1990-тите покажале дека појасот е динамички стабилен и дека вистинското место на потекло на кометите е расеаниот диск, динамички активна зона создадена од движењето на Нептун нанадвор пред 4,5 милијарди години; расеаните објекти како што е Ерида имаат екстремно ексцентрични орбити кои ги носат до 100 AU од Сонцето. (Дознајте повеќе...)
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?