Прејди на содржината

ReLIFE

Од Википедија — слободната енциклопедија
ReLIFE
Корицата на првиот том, лево е Чизуру Хиширо, десно е Арата Каизаки
АвторЈајоисо
Жанрсекојдневие
романтика
комедија
Објавена12 октомври 2013 — 10 март 2018 (манга)
2 јули 2016 — 24 септември 2016 (аниме-серија)
15 април 2017 (филм)
ИздавачNHN PlayArt (семрежно)
Earth Star Entertainment

ReLIFE (буквално: Повторен живот, јапонски: リライフ) — семрежен стрип на Јајоисо, како и аниме-серија и долгометражен игран филм заснован на него. Манга-поглавјата првично биле објавени од NHN Japan на страницата Comico од 12 октомври 2013 г. до 16 март 2018 г., а подоцна биле објавени во 15 тома танкобон од Earth Star Entertainment.[1][2] Аниме-серијата била произведена од TMS Entertainment и првпат се прикажувала од 2 јули до 24 септември 2016 г.[3][4][5] Во 2017 г., бил објавен долгометражен игран филм со Таиши Накагава во главната улога.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дваесет и седумгодишниот Арата Каизаки припаѓа на поколението NEET, нема стабилна работа и работи со скратено работно време во месна продавница. Неговиот досаден живот добива изненадувачки пресврт кога го запознава Рјо Јоаке, претставник од Истражувачката установа ReLife, кој му нуди шанса да учествува во необичен опит. Со едно апче, Арата за една година ќе се преобрази во себеси кога имал 17 години, со други зборови, ќе биде 10 години помлад. На крајот, друго апче ќе му ја врати вистинската возраст и ќе ги избрише сите спомени од опитот.

Прифаќајќи ја понудата, Арата следното утро се буди како средношколец. Очекувајќи дека неговото „животно искуство“ ќе ги олесни работите, тој брзо е обземен од современата наставна програма и се бори да не изостави. За да ги усложни работите, на Рјо му е доделено да го следи во текот на целиот опит. Сега, Арата мора одново да се движи во средношколскиот живот, да се соочи со предизвиците на младоста и да се труди да избегне повторување на грешките од минатото.

Арата Каизаки (јап. 海崎 新太) — главниот лик е невработен откако работел во истата фирма 3 месеци по завршување на факултет и дал отказ. На таа работа тој се обидел да застане во одбрана на една колешка, но тоа само го влошило нејзиното малтретирање и ја натерало на самоубиство, што го трауматизирало Арата. Неговиот живот се менува кога Рјо Јоаке го поканува да учествува во проектот ReLIFE. За време на овој проект, тој зема апче што го враќа на изгледот на 17-годишно момче и му дава шанса уште еднаш да го доживее училишниот живот. Поради неговата вистинска возраст, тој се издвојува меѓу соучениците по својата зрелост, но бидејќи веќе заборавил голем дел од училишната програма, тој е принуден често да полага тестови. На крајот од приказната, тој се вработува во ReLIFE и почнува да излегува со Чизуру.

Чизуру Хиширо (јап. 日代 千鶴) — соученичка на Каизаки, умна, но недружељубива. Таа секогаш завршува на врвот од својот клас, но излегува дека ѝ е крајно непријатно кога станува збор за заемодејство со другите. Подоцна во приказната се открива дека и таа е една од учесниците во проектот ReLIFE. На крајот од приказната, таа започнува да работи за ReLIFE и излегува со Арата.

Рјо Јоаке (јап. 夜明 了) — надзорник на Арата од ReLIFE, човекот што му понуди да биде испитаник за проектот ReLIFE. Тој е на иста возраст како Арата и секогаш делува весело, што всушност бескрајно го дразни Каизаки. Како надзорник, тој секогаш оддалеку го набљудува Арата и пишува извештаи за неговиот секојдневен живот. Подоцна започнува врска со Ан. Неговото презиме доаѓа од станицата Јоаке.

Рена Кариу (јап. 狩生 玲奈) — соученичка на главниот лик што седи до него. Таа се труди да биде најдобра во сѐ.

Казуоми Ога (јап. 大神 和臣) — соученик на главниот лик, добар е во учење, но лош во спорт. Како што напредува приказната, тој ги сфаќа своите чувства кон Рена и тие стануваат пар.

Ан Оноја (јап. 小野屋 杏) — уште еден „преместен ученик“ во средното училиште Аоба. Но таа е всушност помладата надзорничка на Рјо и онаа што го проучувала Арата за проектот ReLIFE. Како и Рјо, таа делува весело и го набљудува нивниот проект до степен на демнење, на дразнење на Арата. Подоцна, таа започнува врска со Рјо. Нејзиното презиме доаѓа од станицата Оноја.

  1. „Japanese Comic Ranking, August 6–12“. Anime News Network. August 15, 2018. Посетено на August 27, 2018.
  2. „ReLIFE Manga's Final Volume Includes New Epilogue Chapter“. 31 August 2023.
  3. „39th Annual Kodansha Manga Awards' Nominees Announced“. Anime News Network. 2015-04-03. Архивирано од изворникот на 2019-01-04. Посетено на 2015-04-08. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. „ReLIFE“. www.comico.jp. NHN PlayArt Corp. Архивирано од изворникот на 2020-09-09. Посетено на 2015-04-08. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  5. Rafael Antonio Pineda (2020-02-13). „ReLIFE Manga's Final Volume Includes New Epilogue Chapter“. Anime News Network (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-03-05. Посетено на 2021-01-02. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]