29 јули
Изглед
29 јули — 210-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (211-и во престапна година). Остануваат 155 денови до крајот на годината.
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
Настани
[уреди | уреди извор]1014 | Во Битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј II. |
1588 | Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II. |
1940 | Почнува воздушната офанзива на Германија на Велика Британија за време на Втората светска војна. |
1945 | Прогласени се првите народни херои на Југославија од Македонија: Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур и Христијан Тодоровски - Карпош. По неколку дена, на 2 август, за народен херој е прогласен и Кузман Јосифовски - Питу. |
1948 | Во Лондон се отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна. |
1993 | Киргистан ја признава Република Македонија. |
2002 | Основана е Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) под името „Федерација на македонските фармери“. |
Родени
[уреди | уреди извор]1883 | Бенито Мусолини — италијански диктатор и фашист. |
1905 | Даг Хамаршелд — шведски политичар. |
1925 | Микис Теодоракис — грчки композитор. |
1927 | Хари Мулиш — холандски писател. |
1929 | Жан Бодријар — француски социолог и филозоф. |
1929 | Жулињо — бразилски фудбалер. |
1930 | Абдулазис Ислами — македонски поет. |
1949 | Љупчо Силјановски — македонски поет. |
1954 | Игор Крутој — советски и руски композитор. |
1957 | Нели Ким — советска гимнастичарка. |
1961 | Муртезан Етхеми — поранешен член на ОНА. |
1962 | Карл Кокс — британски продуцент на техно-музика. |
1965 | Андреа Ѕорѕи — италијански одбојкар. |
1979 | Владимир Блажев – Панчо — македонски пејач и член на дуото DNK. |
1981 | Фернандо Алонсо — возач на „Формула 1“. |
1982 | Перо Антиќ — македонски кошаркар. |
1983 | Илчо Наумоски — македонски фудбалер. |
1985 | Золта Фодор — унгарски борач. |
1985 | Хавиер Чакон — шпански велосипедист. |
Починале
[уреди | уреди извор]1099 | Урбан II — римски папа. |
1108 | Филип I — крал на Франција. |
1644 | Урбан VIII — римски папа. |
1808 | Селим III — отомански султан. |
1856 | Роберт Шуман — германски композитор и музичар од времето на романтизмот. |
1857 | Шарл Лисјен Бонапарт — француски кнез и [орнитолог]]. |
1890 | Винсент ван Гог — холандски сликар. |
1910 | Глигор Соколов — македонски револуцинер. |
1974 | Ерих Кестнер — германски писател. |
1974 | Кас Елиот — американска поп-пејачка, членка на групата „Мамас енд папас“. |
1898 | Херберт Маркузе — германско-американски филозоф, социолог и политички теоретичар. |
1982 | Владимир Зворник — „таткото на телевизијата“. |
1983 | Луис Буњел — француско-мексикански филмски режисер. |
1990 | Бруно Крајски — австриски политичар. |
2008 | Мате Парлов — југословенски и хрватски боксер. |