1290-ти
Изглед
< 1280-ти | 1290-ти | 1300-ти > | |||||||
1290 | 1291 | 1292 | 1293 | 1294 | 1295 | 1296 | 1297 | 1298 | 1299 |
1290-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1290 година и завршила на 31 декември 1299 година.
Настани
[уреди | уреди извор]1290
[уреди | уреди извор]- Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[1].
- 1 март - Универзитет Коимбра е основан во Лисабон, Португалија од страна на кралот Денис Португалски.
- 10 јули - Ладислав IV Унгарски е убиен од тројца кумани.
- 18 јули - Со издадениот едикт, кралот Едвард I им наредува на сите Евреи (во тоа време најверојатно броеле околу 2.000) да ја напуштат Англија до 1 ноември (Ден на сите светии)[2].
- 23 јули - Андреј III Унгарски е крунисан во Секешфехервар од Лодомер.
- 1 август - Основана е Влашка според традиционалната дата.
- 27 септември - Земјотрес во Чиле во сила од 6,8 степени според Меркалиевата скала, при што загинауваат помеѓу 7.270-100.000 луѓе.
- На власт во Тавантинсују доаѓа четвртиот Сапа Инка Мајта Капак, наследувајќи го Локе Јупанки.
- 18 декември - По смртта на Магнус III Шведски, тој е наследен од неговиот 10-годишен син Биргер Магнусон. Иако Шведска е изборна монархија во тоа време, Биргер е назначен за наследник.
- Декември - Дванаесетте Еленорски крстови се градат помеѓу Линколншир и Лондон во Англија, бидејќи кралот Едвард I ја оплакува смртта на неговата кралица, Елеонора Кастилска.
- Завршена е изградбата на Ландафската катедрала во Кардиф, Велс, 170 години откако беше започната.
- Монголската Златна Орда го напаѓа регионот Молдавија.
- Кралот Денис Португалски донесува акт според кој португалскиот јазик е службен јазик на Португалија, заменувајќи го класичниот латински.
- Основачката династија на Мамелучкиот Султанат во Делхи е соборена од Џалал уд дин Фируз Калџи.
1291
[уреди | уреди извор]- Пролет - Вандино и Уголино Вивалди отпловуваат од Џенова со цел да стигнат до Индија. Тие никогаш не се враќаат.
- 10 мај - Шкотските благородници го признаваат авторитетот на кралот Едвард I, посредувајќи во решавањето на кризата за наследство, создадена со смртта на кралот Александар III, пет години претходно.
- 18 мај - ел-Ашраф Калил го освојува градот Ако, со што целосно ги освојува крстоносните држави.
- Август - Основан е Швајцарскиот Сојуз од Швиц, Ури и Унтервалд.
- Саншу IV Кастилски го освојува градот Тарифа од Маврите.
- Хабсбуршката династија го стекнува швајцарскиот град Луцерн.
- Папа Никола IV ја потврдува независноста на Сан Марино, преку папска була.
- Сите производители на стакло во Венеција се принудени да се преселат на островот Мурано, со цел да намалат ризикот од пожар, со што се создава стаклената индустрија на островот.
- Изграден е замокот Кленова во јужниот дел Бохемија, како дел од пограничниот одбранбен систем.
- Кралот Андреј III Унгарски дава привилегии на кралскиот град на Братислава, денешен главен град на Словачка.
- Теобалд Годен станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
1292
[уреди | уреди извор]- 5 април - Започнуваат Папските избори.
- 17 ноември - Јован е избран од кралот Едвард I како крал на Шкотска. Едвард потоа го третира Јован како марионетска владетел и Шкотска како вазална држава, на крајот провоцирајќи ја Војната за независност на Шкотска, која започнала во 1296 година.
- Султанот на Египет, ел-Ашраф Калил, го напаѓа Ерменско Кралство Киликија.
- Династијата Исфендијариди е основана во провинцијата Кастамону.
1293
[уреди | уреди извор]- 26 мај - Земјотресот во Камакура, Јапонија убива околу 23.000 лица.
- декември - Султанот на Египет ел-Ашраф Калил е убиен од неговиот регент Бајдара.
- Кублај-кан испраќа флота на островите во Југоисточна Азија, вклучувајќи ја и Јава.
- Основано е Царство Маџапахит во Јава.
- Островот Вајт се продава на кралот на Едвард I од Изабела де Форц, за 6.000 марки.
- Ќерката на Едвард I, Елеонора, се омажува за Хенри III, гроф од Бар.
- Данте Алигиери ја комплетира книгата „La Vita Nuova“ (Нов живот).
1294
[уреди | уреди извор]- 18 февруари - Умира Кублај-кан. Поделбата помеѓу четирите монголски земји: Чагатајски Ханат, Златна Орда, Илканат и Јуен се продлабочува.
- 5 јули - По папските избори, Папа Целестин V го наследува Папа Никола IV, станувајќи 192-тиот папа.
- Есен - Како одговор на активностите на новите кралски администратори во северен и западен Велс, Мадог ап Ливелин започнува револт против неговите англиски господари.
- 24 декември - Папа Бонифациј VIII го наследува Папа Целестин V, станувајќи 193-ти папа.
- Јован I, кралот на Шкотска, решава да ги одбие барањата на кралот Едвард I за поддршка во планираната инвазија на Франција.
- Архитектот Арнолфо ди Камбио ја дизајнира Фирентинската катедрала.
- Англија и Португалија влегуваат во првиот сојуз (Англо-португалски сојуз, како најстар познат сојуз.
- Едвард I и Филип IV Убавиот прогласуваат војна еден на друг. За финансирање на оваа војна, и двајцата цареви поставиле даноци врз свештенството. Папа Бонифациј VIII инсистира на тоа дека кралевите добиваат папска согласност за оданочување на свештенството и им забранува на црковниците да плаќаат даноци.
- Јован XII Цариградски е прогласен за Вселенски патријарх.
- Михаил IX Палеолог се оженува за Рита Ерменска.
- За првпат се споменува црквата Св. Јаков во Перлеберг.
- За првпат се споменува Берген на Риген .
- Зволе станува член на Ханза.
1295
[уреди | уреди извор]- 20 јуни - Папа Бонифациј VIII го предлага договорот од нањи, во обид да донесе мир меѓу династиите Анжу и Арагон, во Сицилија. Овој договор не дал големи резултати.
- 26 јуни - Пшемисл II е крунисан за Крал на Полска.
- 23 октомври - Прв воен договор помеѓу Шкотска и Франција насочен против Англија, е потпишан во Париз.
- Монголскиот водач Махмуд Газан го прифаќа исламот.
- Џајаварман VIII на Кмерско Царство во Камбоџа абдицира од престолот; Индраварман III го наследува.
- Марко Поло се враќа во Венеција, по неговите патувања до Кина.
- Филип IV Убавиот и Папа Бонифациј VIII започнуваат да имаат несогласувања.
- Изградена е црквата „Пресвета Богородица Перивлептос“ во Охрид.
- За првпат се споменува градот Зелин.
- Во периодот помеѓу 1282-1295, за време на војните помеѓу Византија и Србија, српскиот крал Милутин го освоил Кичево и тогаш византиските војски конечно го напуштиле градот.
- Јаков станал солунски митрополит.
- Најстариот Грб на Бугарија датира од 1295 година.
1296
[уреди | уреди извор]- 30 март - Освојување на Берик: Кралот Едвард I го освојува градот Берик како пограничен град со Шкотска. Тој ги убива повеќето од жителите, вклучувајќи ги и оние кои побегнале во црквите.
- Април 12 - Кралот Мангреј ја основа својата нова престолнина Чијанг Мај и ја основа династијата Манграј, која ќе владее со кралството од 1296 до 1578 година.
- 27 април - Битка кај Данбар: Шкотските сили се поразени од Едвард I.
- 20 јули - Умира Џалал Уд Дин Фируз Калџи, владетел на Султанат Делхи, и е наследен од страна на Ала Уд Дин Халџи.
- Бонифациј Веронски ги истерува Византијците од нивните последни преостанати упоришта на Евбеја.
- Престанало да постои Војводство Саксонија.
- Започнува Византиско-венецијанската војна, и трае до 1302 година.
- Џамијата Ибн Тулун била проширена.
- За првпат се користи името Црна Гора во прозивот на српскиот крал Стефан Урош II во контекст на регионот околу Скадарско Езеро.[3]
- Дебелн е освоен од страна на Адолф од Насау.
- За првпат се споменува селото Битово, Општина Македонски Брод.
- За првпат се споменува Упланд.
- За првпат се споменува Гросхенерсдорф.
- За првпат се споменува Пашки Козјак.
1297
[уреди | уреди извор]- 8 јануари - Силите на Франсоа Грималди го освојуваат замокот во Монако (Династија Грималди владее со кнежевството до денес).
- 3 мај - Во близина на Рим, Стефано Колона го заробува богатството што го испраќа семејството Каетани на папата[4] .
- 28 август - Едвард I неуспешно ја напаѓа Фландрија.
- 11 септември - Битката кај Стирлиншки мост: Шкотските војски го поразуваат Кралство Англија.
- 12 септември - Кралот Денис Португалски и кралот Фердинанд IV Кастилски го потпишуваат Договорот од Алканисес. Географските граници на Португалија се постојано фиксирани (со исклучок на Сао Феликс де Галегос, изгубени во 1640 и Оливенса, изгубени во 1801).
- Кралот Луј IX Светиот е канонизиран.
- Како дел од договорот од Анањи, царот на Арагон е признаен како владетел на Кралството Сардинија и Корзика од страна на папата, но двата острови остануваат под контрола на Пиза и Џенова.
- Санремо се продава на семејство Дорија.
1298
[уреди | уреди извор]- 20 април - Евреите во Ретинген се изгорени на клада масовно; други еврејски заедници се уништени подоцна во текот на годината.
- 1 јуни - Битка кај Тураида: Жителите на Рига го поразуваат Ливонскиот ред.
- 2 јули - Битката кај Гелхајм[5]: Албрехт I Хабсбуршки го поразува и убива Адолф Германски.
- 22 јули - Битка кај Фолкерк: Едвард I ја поразува шкотската армија предводена од Вилијам Волас[5].
- Јули - Го-Фушими го наследува Фушими на престолот на Јапонија.
- 9 септември - Битката кај Курцола: Џеновската флота ги поразува Венецијанците. Марко Поло е еден од затворениците, а додека е во затвор во Џенова, започнува да го диктира неговото дело за патешествијата кои ги поминал.
- Странските кредитори на Сиена започнуваат да ги бараат своите депозити назад, со што ја забрзуваат кризата со ликвидноста со која се соочува фирмата[6].
- Рудолф I станува војвода од Саксонија.
- Рудолф I станува војвода на Австрија и Штаерска.
- Изградена е црквата „Св. Богородица“ во Нојбранденбург.
- Изградена е црквата „Св. Никола“ во Варош[7].
- Узедом добива градски права.
1299
[уреди | уреди извор]- 24 февруари - Алаудин Калџи, султанот на Делхи ги испраќа своите генерали да го освојат Гуџарат.
- Април - Шкотите го освојуваат замокот Стирлинг замокот.
- 27 јули - Осман I го прогласува својот бејлик за независно од Селџуците на Иконискиот Султанат.
- 31 јули - Пиза и Џенова се согласуваат на триесетгодишно примирје. Дел од договорот го вклучува и крајот на поддршката на Пиза на непријателите на Џенова[8].
- 1 ноември - Хекон V Норвеши станува крал на Норвешка.
- 1 декември - Битка за Фалконарија: Фридрих III Сицилиски го поразува Филип I Тарентски.
- Монголскиот кан започнува поход во Индија со 200.000 војници, но Алаудин Калџи, султанот на Делхи, ги поразува.
- Кралство Сингапур е основано од принцот Шривиџаја.
- Изградена е Дивриги џамија.
- Холандската династија исчезнува. Областа Холандија станува дел од личната заедница со Грофовија Ено.
- Голем пожар во Вестминстерската палата.
- Градот Фиренца забранува употреба на арапски броеви за трговија, дозволувајќи ги само римските броеви.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kington, J. Climate and Weather, HarperCollins Publishers, 2010
- ↑ Mundill, Robin R. (2002). England's Jewish Solution: Experiment and Expulsion, 1262-1290. Cambridge University Press. ISBN 0-521-52026-6. p. 27.
- ↑ Стара Црна Гора, Јован Ердељановић, 34. стр.
- ↑ Maire Vigueur, Jean-Claude (2010). L'autre Rome. Une histoire des Romains a l'époque communale (XIIe-XIVe siècle). Paris: Tallandier. стр. 241. ISBN 978-2-84734-719-7. Архивирано од изворникот на March 3, 2012. Посетено на 2012-02-29.
- ↑ 5,0 5,1 Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. ISBN 0-304-35730-8.
- ↑ Catoni, Giuliano. „BONSIGNORI“. Dizionario Biografico degli Italiani. Посетено на 20 December 2011.
- ↑ „Култура – Цркви“. www.visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 2018-09-26.
- ↑ Cancelleri, J.-A. „Sinucello della Rocca“. Dizionario biografico. Посетено на 20 December 2011.