1225
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1225 MCCXXV |
Ab urbe condita | 1978 |
Ерменски календар | 674 ԹՎ ՈՀԴ |
Асирски календар | 5975 |
Балиски календар | 1146–1147 |
Бенгалски календар | 632 |
Берберски календар | 2175 |
Будистички календар | 1769 |
Бурмански календар | 587 |
Византиски календар | 6733–6734 |
Кинески календар | 甲申年 (дрв. мајмун) 3921 или 3861 — до — 乙酉年 (дрв. петел) 3922 или 3862 |
Коптски календар | 941–942 |
Етиопски календар | 1217–1218 |
Еврејски календар | 4985–4986 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1281–1282 |
- Сачка ера | 1146–1147 |
- Кали-југа | 4325–4326 |
Холоценски календар | 11225 |
Игбоански календар | 225–226 |
Ирански календар | 603–604 |
Исламски календар | 621–622 |
Јапонски календар | Генин 2 / Кароку 1 (嘉禄元年) |
Јавански календар | 1133–1134 |
Јулијански календар | 1225 MCCXXV |
Корејски календар | 3558 |
Мингуо-календар | 687 пред Р. Кина 民前687年 |
Нанакшахи | −243 |
Тајландски сончев календар | 1767–1768 |
Тибетски календар | 阳木猴年 (машко дрво-мајмун) 1351 или 970 или 198 — до — 阴木鸡年 (женско дрво-петел) 1352 или 971 или 199 |
1225 (MCCXXV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1225 година од новата ера, 225. од вториот милениум, 25. од XIII век и шеста од 1220-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6733 и 6734 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5975 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4985 и 4986 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1978.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1225 година се протега во 3861 и 3862, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3921 и 3922 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1768. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 621 и 622 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- Тевтонските витези се протерани од Трансилванија, поради нивната закана за освојување од Унгарија.
- Големата повелба е потврдена (по третпат) од Хенри III[1]
- Илтутмиш, султанот на Делхи, го одбива Монголскиот напад.
- 27 јули - изградена е катедралата во Висби.
- За првпат се споменува округот Герсдорф.
- За првпат се споменува Кроствиц.
- За првпат се споменува Минхеберг.
- Основан е францискански манастир во Кириц.
- Царот Фридрих II одлучил да замине во крстоносен поход, се оженил по вторпат, со Изабела, ќерка на ерусалимскиот крал Јован Бријен, по кое се прогласил и самиот за ерусалимски крал.
- Во Монферато, Вилијам VI го наследил неговиот син Бонифациј II.
- Ослободен е Валдемар Дански според соборот во Франкфурт. Според договорот, Валдемар Дански морал да учествува во крстоносниот поход и да го предаде управувањето на кралството.
- Епископот на Рига Алберт, од страна на германскиот крал Хенрик, право над Маркгрофовија Летонија и Естонија.
Родени
[уреди | уреди извор]- Тома Аквински, италијански теолог (п. 1274)
- Света Изабела Француска, француска принцеза, ќерка на Луј VIII
- Давид VI Грузиски, крал на Грузија (п. 1293)
- Михаил VIII Палеолог, византиски цар (1282)
- непозната дата
- Јован XI Цариградски, вселенски патријарх од 2 јуни 1275 година до 26 декември 1282.
- Папа Инокентиј V, римски папа од 21 јануари до 22 јуни 1276.
Починале
[уреди | уреди извор]- 18 февруари - Хју Бигод, трет Ерл од Норфолк (р. 1186)
- 5 октомври - ел-Насир, абасидски калиф во Багдад
- 28 октомври - Џиен, јапонски поет и историчар (р. 1155)
- 7 ноември - Енгелберт II фон Берг, архиепископ во Келн
- непозната дата
- Габдула Челбир, владетел на Волшка Бугарија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 135–137. ISBN 0-304-35730-8.