Прејди на содржината

.se

Од Википедија — слободната енциклопедија
.se
Воведен1986
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
Регистар.SE
Покровител.SE
Наменета употребаЕнтитети поврзани со
 Шведска
Фактичка употребаМногу користен во Шведска
ДокументиTerms and regulations for registration
Правила при спорAlternative dispute resolution (ADR)
Мреж. место.SE
DNSSECда

.seнајвисок државен домен за Шведска. Највисокиот домен е управуван од .SE, но домените мора да се регистрираат преку еден од одобрените регистратори. .SE е фондација и е управувана како фондација. Фондацијата е раководена од одбор на директори, чии одлуки ги извршува, извршната управа.

Системот пред 2003 година

[уреди | уреди извор]

Пред април 2003 година, правилата поврзани со управувањето и владението со највисокиот домен .se биле многу ограничувачки. Само претпријатија, здруженија кои се простираат на целата територија им било дозволено да регистрираат домен, и ситото се случувало и со регистрираното име. Поединечните производи не можеле да добијат посебни второстепени доменски имиња, дури и да станувало збор за регистрирани трговски марки. Физичките лица можеле да регистрираат само еден домен со името .pp.se, додека пак претпријатијата и организациите се регистрирале само во еден округ им било дозволено да запишат домен со <букви на округ>.se.[1] Непрофитните организации биле запишувани на окружно ниво. Спортските клубови немале потреба да го регистрираат своето име но морале доколку регистрирале име „округ.se“. Многумина кои не можеле да се регистрират директно под .se се регистрирале под .com или .nu. Овие правила биле вовоедени во 1996 година. Пред тоа постоеле неофицијални правила кои биле уште пограничувачки, каде физичките лица и спортските клубови не можеле да регистрираат домен.

Поранишни второстепени домени се:[2]

Домен Употребуван во
a.se градот Стокхолм
b.se Стокхолм (округ)
ac.se Вестерботен (округ)
bd.se Норботен (округ)
c.se Упсала (округ)
d.se Седерманланд (округ)
e.se Естерјетланд (округ)
f.se Јеншепинг (округ)
g.se Крунуберг (округ)
h.se Калмар (округ)
i.se Готланд (округ)
k.se Блекинге (округ)
l.se Кристијанштад (округ)
m.se Сконе (округ)
n.se Халанд (округ)
o.se Вестра Јеталанд (округ)
p.se Елвсборг (округ)
r.se Скараборг (округ)
s.se Вермланд (округ)
t.se Еребру (округ)
u.se Вестманланд (округ)
w.se Даларна (округ)
x.se Јевлеборг (округ)
y.se Вестернорланд (округ)
z.se Јемтланд (округ)
org.se непрофитни организации
pp.se Физички лица
tm.se трговски марки
parti.se политички партии
press.se весници

Сите овие второстепени домени се во употреба исффрлен е само (parti.se).

Бидејќи å,ä,ö не биле достапни поради технички причини, организациите можеле да го запишат името со a и o ако истото е достапни, што понекогаш предизвикувало проблеми. Општината Habo и Håboимале спор за името habo.se спор кој го добила Håbo бидејќи го запишала прв. По многу години, во 2011 година, се договориле http://www.habo.se/ да биде врска и за двете општини. Од 2003 година Шведска дозволила запишување на å,ä,ö во мрежните адреси.

По системот од 2003

[уреди | уреди извор]

Со новите правила, секој ентитет или лице може да запише повеќе домени, но истите подлежат на некои ограничувања. Физичките лица можат да го запишат кој и да е домен со .se, сè додека истиот е достапенa, не е во .SE Список на блокирани и резервирани домени. Во истовреме, правилата за распределба беа сменети во начелото „прв дошол, прв услужен“, и биле создадени поедноставни правила за разрешување на споровите.

Од октомври 2003 година, .SE почнала да прифаќа записи IDN со буквите å, ä, ö, ü и é. На 6 септември 2007 година, вкупно биле достапни 250 знаци, поддржувајќи имиња во сите легално признати малцински јазици: фински, мејанкиели, сами, ромски и јидиш.

Доменските имиња со å,ä,ö не се користат неколку години, бидејќи корисничките пребарувачи мораат да имаат соодветна поддршка. И сѐ уште, организациите кои имаат å,ä,ö во нивните имиња (како Skåne) ги користат доменските имиња без овие букви (пример http://www.skane.se), и користат пренасочување до нивното соодветно име (пример http://www.skåne.se). Многу организации не гоо поддржуваат соодветното име со å,ä or ö (пример http://www.västerbotten.se Архивирано на 28 септември 2017 г. не постои од 2013 година).

.se е првиот TLD кој нуди DNSSEC услуги. Ова го прави користејќи OpenDNSSEC.

Целиот домен .se беше недостапен 58 минути на12 октомври 2009 година, кога грешка при вообичаената контрола од .SE ги корумпирала сите доменски имиња во регистарот.[3]

Познати хакови

[уреди | уреди извор]

Многу од шведските доменски имиња биле резервирани за англиските зборови кои завршуваат на „se“. Денес не постојат овие доменски имиња на првичниот домеснки пазар како резултата на шпекулациите со доменските имиња. Повеќето од нив можат да се купат на второстепениот доменски пазар за имиња. Се развиле само неколку домени.

  1. „Swedes Abandoning .SE Country Code“. InternetNews.com. 1998-12-14. Архивирано од изворникот 2008-12-14. Посетено на 2009-02-19.
  2. Google search on a.se on b.se on c.se on d.se on org.se on tm.se on press.se etc
  3. „Sweden's Internet broken by DNS mistake“. Pingdom. 13 October 2009. Архивирано од изворникот на 2009-10-15. Посетено на 2009-10-13.

НАдворешни врски

[уреди | уреди извор]