Чаудер (англиски: Chowder) — американска анимирана серија што започнала да се прикажува на американскиот Cartoon Network на 2 ноември2007 г. и на европската верзија на каналот на 12 мај2008 г. Серијата е напишана од Карл Гринблат (познат по неговата работа на анимираните серии „Сунѓерот Боб Панталоновски“ и „Мрачните авантури на Били и Менди“), Вилијам Рејс и Алекс Алмагер, а режијата е на Џули Хашигучи, Крис Шервуд, Еди Хачинс и Шон Кешман. Занимлив податок е дека ликовите се именувани по познати јадења. Серијата раскажува за честољубивиот млад готвач Чаудер (во превод: Чорба) и неговите авантури во фирмата „Мунг Дал“.[2]