Снижувалка
Снижувалка или бемол[1] (♭) — музички предзнак кој означува снижување на тоновите пред него за полустепен. На имињата на вака снижените тонови се додава наставката -ес. Во овој случај, ако тонот е означен со самогласка, се губи e и се додава само -с. На пример цес (снижено це), ес (снижено e), ас (снижено a) итн.
Во нотниот запис има потреба некој тон да се снижи и двапати, и во таа прилика се користи двојна снижувалка која се пишува со тесно поврзување на двете снижувалки пред нотата. Тоналитетите во чии предзнаци се јавуваат овие снижувалки не се практични и затоа многу ретко се среќаваат вон теоријата на музиката.
Запис
[уреди | уреди извор]Знакот обично се пишува така што површината оградена со неговиот долен дел го означува местото на тонот што се снижува. Во рамките на нотниот систем, тој е во празнината, односно на линијата. Вон системот, неопходно е да се исцртаат помошни линии, како што би се правело за ноти.
Употреба
[уреди | уреди извор]Постојат две можни употреби на овој знак:
- Пред клучот или на местото на промената на тоналитетот, овој знак го означува снижувањето на секој следен тон што го опфаќа, до следната промена на тоналитет.
- Во рамките на тактот, овој знак означува снижување на секој следен тон опфатен со него, но само до крајот на тактот.
Наводи
[уреди | уреди извор]