Прејди на содржината

Плиоцен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хипарион - една врста на коњи од епохата плиоцен

Плиоцен е период на геолошката скала на Земјата што го опфаќа периодот од пред 5,33 до пред 2,58 милиони години.

Плиоценот е втора епоха од периодот на Неоген во ерата на Кенозоик и доаѓа по епохата на Миоцен, а по него следува епохата на Плеистоцен.

Плиоценот е наречен според Чарлс Лајл, а името доаѓа од грчките зборови πλεῖον (pleion, "повеќе") и καινός (kainos, "ново") што во слободен превод би значело „продолжување на претходното“.