Прејди на содржината

Панонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Provincia Pannonia
Вид единица на Поранешна земја
20–107
 

Местоположба на Pannonia
Местоположба на Pannonia
Провинцијата Панонија (црвено) во Римската Империја (розово)
Главен град Карнунтум,[1] Сирмиум,[2] Саварија,[3] Аквинк,[4] Петовио[5] или Виндобона[6]
Историја
 -  Основана 20
 -  Поделба на Панонија Помеѓу 102 и 107 година, Трајан ја поделил Панонија на Панонија Супериор (западниот дел со седиште во Карнутум), и Панонија Инфериор (источниот дел со седиште во Аквинк и Сирмиум)

Панонија (латински: Pannonia) — римска провиниција, на север-исток се граничела со Дунав, на југ со областа јужно од Сава, Далмација. Панонија се наоѓала на територијата на денешните: западна Унгарија, источна Австрија, северна Хрватска, северозападна Србија, северна Словенија и северна Босна и Херцеговина.

Според Јулиј Покорни, името Панонија потекнува од Илирискиот јазик, од праииндоевропскиот корен *pen-, со значење „бара, вода, влажно“. Кај најстарите грчки писатели се користи зборот Панонија, но од почеток на вториот век грчките писатели ги мешаат Панонците со Пеонците. Плутарх највереојатно прв ги нарекол Панонците Пеонци, и ако провинцијата ја запишал со нејзиното име Панонија. Кај подоцнежните грчки автори подеднакво се застапени називите Панонија и Пеонија. Името Панонија останало во употреба многу долго после падот на римската власт во тој регион. Дури и унгарските кралеви од 11 век повремено ја добивале титулата крал на Панонија (Rex Pannoniae) а својата земја ја нарекувале Панонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Предримска Панонија

[уреди | уреди извор]

Најстарите познати жители на Панонија биле Илирите, во втората половина на 4 век п.н.е. во Панонија дошле Келтите, за чие населување во Панонија известува Јустин во 24 Трогова книга. Според Јустин, Келтите откако ги покориле Панонците, воделе разни војни со своите соседи. Археолошките наоди укажуваат дека населувањето на Келтите се случило во северозападна Панонија. Келтите за првпат воспоставиле своја власт во Панонија за време на нивниот продор на Балканот, според археолошките наоѓалишта келтизација на цела Панонија започнала дури во 3 век после продорот на Балканот. Скордисците ја прошириле својата власт на цела јужна Панонија, а во 179 г п.н.е. македонскиот крал Филип V ги зел за сојузници, бидејќи преку Скордиск водел патот до Јадранското Море. Првите борби со Панонците ги опишал Полибиј. Римските операции против Панонците укажуваат на панонско-скордиски сојуз односно скордичка власт на Панонците. Во наредните 5 децении, хегемонијата на Скордисците се чувствувала во северениот дел на Балканот. Од 141 г. п.н.е. нивните напади биле насочени кон југ каде од основањето на провинцијата Македонија биле постојани противници на Римјаните. Хегемонијата на Скордисците во северниот дел на Балканот траела до 88 г. п.н.е., кога ги поразил Скипион Азијаген. Скордисците се повлекле до реката Сава.

Малку се знае за Панонија до 35 г. п.н.е., кога нејзините жители, во сојуз со Далматинците биле нападнати од Октавијан Август кој ја зазел и окупирал Сисција. Државата сепак не била целосно поразена од римјаните до 9 г. п.н.е., кога била додадена до римската провинција Илирик, на кое границите биле проширени до реката Дунав.

Римска провинција Панонија

[уреди | уреди извор]

Римјаните не ја освоиле Панонија за кратко време, туку тоа траело повеќе од пола век. Во 35 г. п.н.е. Октавијан тргнал во воен поход, но Римјаните морале под воство на Тибериј повторно да војуваат со Панонците. После второто востание Панонија била организирана како римска провиницја и со тоа добила одредени граници, на исток и север граница бил Дунав, на југ реката Сава, на запад границата не била постојана бидејќи градовите Птуј и Цеље понекогаш биле внатре а понекогаш надвор од границите на Панонија. На север се граничела со Норик и горна Италија, а на југ се граничела со Далмација и Горна Мизија. Во периодот меѓу 102 и 107 г. императорот Трајан ја поделил Панонија на Долна и Горна Панонија. Според Птоломеј границата се протегала меѓу денешниот унгарски град Ѓер и Градишка, а подоцна границата се поместила на исток.

По римската власт

[уреди | уреди извор]
Герулата- римски воен камп кој се наоѓа блиску до денешниот словачки град Русовце.

За време на миграцискиот период во 5 век, некои делови во Панонија ги зазеле Хуните.[7] По распаѓањето на Хунското Царство во 454 г., голем број на Остроготи биле населени од царот Маркијан во провинцијата како федерати. Византиското Царство ја контролирала Панонија за поголемиот дел од 6 век, и Панонија постоела како византиска провинција со Сирмиј како главен град, но вклучувало само мал дел од историската Панонија.

Отпосле пак била нападната од Аварите во 560-те години, Словените, кои отпрвин ја населиле Панонија околу 480-те години но станале независни дури во 7 век, и Франките, кои презеле панонски марш кон крајот на 8 век. Називот Панонија исто така бил користен од словенските војводи кои биле вазали на Франките.

Меѓу 5 и 10 век, римјанизираното население на Панонија создало романски панонски јазик, главно околу езерото Балатон кое денеска се наоѓа во западна Унгарија. Овој јазик и културата ги снемало со инвазијата на Маѓарите во Панонија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Vienna, Anthony Haywood, Caroline (CON) Sieg, Lonely Planet Vienna, 2010, page 21.
  2. The third book of history: containing ancient history in connection with ancient geography, Samuel Griswold Goodrich, Jenks, Palmer, 1835, page 111.
  3. The Archaeology of Roman Pannonia, Alfonz Lengyel, George T. Radan, University Press of Kentucky, 1980, page 247.
  4. People and nature in historical perspective, Péter Szabó, Central European University Press, 2003, page 144.
  5. Historical outlook: a journal for readers, students and teachers of history, Том 9, American Historical Association, National Board for Historical Service, National Council for the Social Studies, McKinley Publishing Company, 1918, page 194.
  6. THE COTTAGE CYCLOPEDIA OF HISTORY AND BIOGRAPHY, ED.M.PIERCE, 1869, page 915.
  7. Attila, the Hun – Google Knihy. Books.google.cz. 2003. ISBN 0-7910-7221-5. Посетено на 2018-10-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]