Падеж
Граматички категории |
---|
Во лингвистиката, падеж е парадигма на флексивни именки. Во многу европски јазици, променливите форми означуваат граматичка улога.
Кај флексичните јазици, именките се деклинираат во различни форми или морфолошки падежи, кои ја назначуваат улогата на именката во реченицата. Морфолошките падежи се еден начин на назналување на граматички падеж; другите начини се наведени подолу. Морфолошките падежи обично се назначуваат со наставки, но во прилог на тоа, или наместо тоа, може да има и морфолошки модификации на именичната основа (погл. неконцентративна морфологија, превој и преглас).
Падежи постојат во многу индоевропски јазици како латински, германски и санскрит; кај дравидските јазици како тамилски; во речиси сите уралски јазици како фински и унгарски; во Свахили и многу други. Првобитно и македонскиот јазик и бугарскиот јазик имале сложен падежен систем кој бил наследен, преку старословенскиот, од прасловенскиот јазик; меѓутоа со тек на време овој систем бил напуштен. Староанглискиот имал опширен падежен систем. Во современата англиска граматика, истата информација се пренесува преку збороредот и предлозите, иако постојат некои остатоци од стариот систем (како „he“ наместо „him“; вид. Англиски деклинации).
Подолу стои пример за латинска деклинација, со зборот homo (човек).
- homo 'човек' [како подмет] (на пр. homo ibi stat 'човекот стои таму')
- hominis 'човековиот' (на пр. nomen hominis est Claudius 'името на човекот е Клаудиј')
- homini 'на човекот' (на пр. homini donum dedi 'Му дадов подарок на човекот')
- hominem 'човекот' [прирок] (на пр. hominem vidi 'Го видов човекот')
- homine '[прилог] човекот' [во разни употреби кои не се наведени погоре] (на пр. sum altior homine 'Повисок сум од човекот')
Поимот деклинација исто така може да зоначува разни форми кои работат заедно како еден систем. На пример, горната деклинација се разликува од а-деклинацијата, која се содржи речиси исклучиво од именски од женски род.
- femina 'жена' [како подмет]
- feminae 'женовиот'
- feminae 'на жената'
- feminam 'жената' [прирок]
- femina '[прилог] жената' [разни употреби]
За позаинтересираните:
Јазиците се категоризираат во неколку падежни системи, врз основа на тоа како ги групираат глаголските причинители и пациенти во падежи:
- номинативно-акузативни: вршителот во преносните и непреносните глаголи е секогаш номинативот. Пациентот на (преодниот) глагол е акузативот. Дативот исто така може да биде присутен.
- ергативно-апсолутивни (или само ергативен): Пациентот на глаголот е секогаш во апсолутив, заедно со глаголот кај непреодните глаголи. Доколку се присутни и вршителот и пациентот, агентот е во ергатив.
- активно-стативни (или само активен): Вршителот на глаголот е секогаш во субјектив, а пациентот секогаш во објектив. Падежот не зависи од тоа дали глаголот се користи како преоден или непреоден.
- активатив: Една именка во реченицата е тема на фокус. Оваа именка е активатив, и информациите било каде на друго место (на пример глаголски афикс во тагалски) кој ја наведува улогата на активативот. Активативот може да биде наведен како вршител, пациент, итн. Други именки можат да бидат флексирани за падеж, но падежите се преоптоварени; на пример, на тагалски, и подметот и прирокот на глаголот се изразени во генитив кога не се во активатив.
Следниве се системи кои некои јазици ги користат за означување на падеж наместо или како додаток на деклинација:
- Положбен: Именките не се флексираат за падеж; местооложбата на именката во реченицата искажува падеж.
- Предлошки/постопзиционен: Именките ги придружуваат зборови кои го означуваат падежот, но самата именка не се менува.
Некои јазици имаат повеќе од 20 падежи. На пример јазик кој користи голем број на падежи е финскиот. Видете Фински падежи.
Лемските форми на зборови, кои се форми одбрани по договор како канонски форми на зборот, обично се најнеодбележаните или најосновни падежи, which is typically the nominative, trigger, or absolutive case, whichever a language may have.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статусот на морфолошкиот падеж во исландскиот лексикон од Ејрикур Регнавалдсон. Расправа на темата дали дали падежите носат неразделиво синтаксичко или семантичко значење.
- Оптимал (падеж): Распределба на падежите во германскиот и исландскиот Архивирано на 19 јануари 2005 г. од Дитер Вундерлих.
- Долга список на називи на падежи во разни јазици
|