Партија за демократски просперитет
Партија за демократски просперитет | |
---|---|
Водач | Абдулади Вејсели |
Основана | 15 април 1990 |
Распуштена | 2017 |
Идеологија | Заштита на правата на Албанците |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Партијата за демократски просперитет (ПДП) (албански: Partia për prosperitet demokratik) — политичка партија на етничките Албанци во Република Македонија. Основана е на 15 април 1990.
Резултати од парламентарни избори
[уреди | уреди извор]Година на избори | Водач | Број на гласови | % на гласови | Број на мандати | +/– | Влада |
---|---|---|---|---|---|---|
1990 | Абдулади Вејсели | 17 / 120
|
Техничка влада | |||
1994 | Абдулади Вејсели | 10 / 120
|
▼ 7 | СДСМ-ПДП | ||
1998 | Абдулади Вејсели | 10 / 120
|
▬ 0 | Опозиција | ||
2002 | Абдулади Вејсели | 26,853 | 2.25 | 2 / 120
|
▼ 8 | СДСМ-ДУИ-ПДП |
2006 | Абдулади Вејсели | ДУИ | 3 / 120
|
▲ 1 | Влада | |
2008 | Абдулади Вејсели | 7,213 | 0.73 | 0 / 120
|
▼ 3 | |
2011 | Абдулади Вејсели | 277 | 0.02 | 0 / 123
|
▬ 0 | Опозиција |
2014 | Абдулади Вејсели | 385 | 0.03 | 0 / 123
|
▬ 0 | Опозиција |
2016 | Абдулади Вејсели | 1.143 | 0.10 | 0 / 120
|
▬ 0 |
Историја
[уреди | уреди извор]Од 1992 до 1998 ПДП е дел од коалиционите влади предводени од СДСМ. По парламентарните избори од 1998 година, ПДП преминува во опозиција и оттогаш поддршката за ПДП почнува драстично да опаѓа. Некогашната најсилна партија кај етничките Албанци во Република Македонија, на парламентарните избори во 2002 година освоила само 2,3% од гласовите и само два мандати во Собранието.[1] На парламентарните избори 2006 година настапила во коалиција со Демократската унија за интеграција и освоила три мандати.[2] По изборите ПДП била во опозиција, но во мај 2007 година партиското раководство одлучило да ја прифати понудата на тогашниот новоизбран премиер Никола Груевски да влезе во владината коалиција, добивајќи го министерството за локална самоуправа. На следните парламентарни избори, партијата настапила самостојно и ги загубила трите пратенички места.
Партијата подоцна настапила самостојно на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 притоа не освојувајќи ниеден мандат.[3][4][5] Претседател на ПДП е Абдулади Вејсели, а негови претходници биле: Невзат Халили, Абдурахман Алити и Имер Имери. Партијата згаснала во 2017, а членството преминало во Беса и Алијанса за Албанците.[6]
Претседателски избори
[уреди | уреди извор]Партијата имала еден кандидат за претседател на Македонија, тогашниот водач на партијата, Мухамед Халили кој на претседателските избори во 1999 година освоил 45.731 гласови или 4,4% од вкупниот број на гласови. Халили не успеал да се квалификува во вториот круг од изборите.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Пратенички состав 2002-2006 Архивирано на 10 јуни 2017 г., официјален портал на Собранието на Република Македонија
- ↑ Пратенички состав 2006-2008 Архивирано на 15 јуни 2017 г., официјален портал на Собранието на Република Македонија
- ↑ Пратенички состав 2011-2014 Архивирано на 19 јуни 2017 г., официјален портал на Собранието на Република Македонија
- ↑ Пратенички состав 2014-2016 Архивирано на 19 јуни 2017 г., официјален портал на Собранието на Република Македонија
- ↑ Пратенички состав 2016-2020 Архивирано на 29 мај 2023 г., официјален портал на Собранието на Република Македонија
- ↑ По 27 години згасгаснува ПДП[мртва врска]