Нилгај (Boselaphus tragocamelus) познат уште и како син елен или син бик, е најголемиот вид на азиска антилопа, ендемски вид во Индија.
Нилгај е шупливорог преживар со мала глава, чиишто предни нозе се подолги од задните, а дебелите зашилени рогови на мажјакот се долги 20 см. Мажјакот е сив или синкав, а женката е кафеавожолта. Тој живее како во отворените така и во густите шуми, а е мошне претпазлив, има остри сетила и брзо бега од грабливците на пример од тигрите. Пасе и брсти разни треви, листови и плодови рано наутро и приквечер. Мажјаците се борат за територијата клечејќи еден пред друг, при што се удираат со роговите и на тој начин стекнуваат пристап од две до десет женки. Се размножуваат во текот на поголемиот дел од годината но младенчето (еден до два) женката го отелува најчесто за време на период помеѓу јуни и октомври, по бременост од 243 до 247 денови.
↑Mallon, D.P. (2008). „Boselaphus tragocamelus“. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 29 March 2009.
Database entry includes a brief justification of why this species is of least concern.