Прејди на содржината

Кауил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кауил скулптура од Тикал

Кауил или познат и како Бог К е мајанско божество, кој се поврзува со молња, змии, плодност и пченка. Се одликува со зооморфна глава, со големи очи, долга, превртена муцка и заб од змија.[1] Факел, камена чинија или пура која чади, излегува од неговото чело, а нозгата налик на змија претставува молња. На овој начин, Кауил е персонификација на молња.

Од описите на Диего де Ланда на новогодишните ритуали и описите на овие ритуали во Дрезденскиот кодекс,[2] може да се заклучи дека во 16 век на Јукатан Кауил бил нарекувал Болон Ѕакаб „Безброј (болон „девет или безброј“) генерации на мајките“, што би можело да биде метафора за плодност. Името Бог К во класичниот период може да било исто или слично, бидејќи бројот 'девет' се повторува во логограмот на божеството.

Сепак, врз основа на епиграфот, класичниот бог К почесто се нарекувал Кауил. Слогот ка во кауил има значење на „моќен“, со што се потврдува како титула на генеричко божество во документите на Јукатан. Според ова, титулата кауил се смета за име на богот К.[3]

Текстови и слики

[уреди | уреди извор]
Жена испреплетена од змиоликата нога на Кауил

Молњите имаат важна улога во приказните кои зборуваат за создавањето на светот и подготовката за доаѓањето на луѓето. Во космогонијата на Попол Вух, три божества на молњата претставувале „Срце на небото“, и ја одвоиле земјата од првобитното море, а потоа ги создале луѓето и животните. Болон Ѕакаб имал важна улога во митот во книгата Чилам Балам, каде е претставен со завиткани семиња.[4] Боговите на дождот или нивните молњи ја отвориле планината на пченката, со што семето на пченката станало достапно за луѓето.

Кауил го има на енигматична класична сцена од керамички сад, каде е прикажана змијоликата нога на божеството испреплетена врз млада гола жена со која е во поза на парење. Значењето на сцената е повеќе ритуално отколку митолошко. Релјефите во Паленке го прикажуваат кралот (а можеби и кралицата) како држи бебе со чело како молња и змијолика нога.

Функција

[уреди | уреди извор]

Илустрациите од Парискиот кодекс сугерираат дека цртање на главата на Кауил било дел од ритуалите за инаугурација на кралот и стапувањето на престолот. Кауил не само што го претворал кралот во воин со моќ на молња, туку исто така ја зголемувал неговата моќ да донесе успешно земјоделство на неговите поданици: божеството на молњата било воедно и божество на изобилство во земјоделството, а посебно на семето од пченка и какао. Затоа ова божество е секогаш претставено со вреќа со зрна.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Stone and Zender 2011: 49
  2. „O Códice de Dresden“. World Digital Library. 1200–1250. Посетено на 2013-08-21.
  3. Stuart 1987: 13-16
  4. Roys 1967: 99
  5. Houston, Stuart, Taube 2006: 25