Прејди на содржината

Зубара

Координати: 25°58′43″N 51°01′35″E / 25.97861° СГШ; 51.02639° ИГД / 25.97861; 51.02639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зубара
الزبارة
Al Zubarah
Az Zubarah
Урнат град
Иконската Тврдина Зубар најдена во Зубара.
Иконската Тврдина Зубар најдена во Зубара.
Местоположба Зубара.
Местоположба Зубара.
Ал Шамал во Катар.
Ал Шамал во Катар.
ДржаваКатар
ОпштинаАл Шамал
Zone no.78
Површина
 • Вкупна4,6 км2 (18 ми2)
 • Земјишна4 км2 (2 ми2)
Службен назив: Al Zubarah Archaeological Site
Тип:Културно
Критериуми:iii, iv, v
Прогласено:2013 (37. сесија)
Број1402
Регион:Западна Азија

Зубара (арапски : الزبارة‎, Ал Зубара), познат и како Аз Зубараархеолошки локалитет во западниот дел на полуостровот Катар, во општината Аш Шамал, околу 105 километри северозападно од главниот град на Катар, Доха. Се состои од остатоци од утврдена крајбрежна населба која својот процут го имала во 18 и 19 век благодарение на ловот на бисери. Поради оваа причина, оваа населба била запишана на списокот на УНЕСКО на светско наследство во Азија и Океанија во 2013 година како „необично сведоштво за урбаната трговија и традиционалниот лов на бисери што ги одржуваше големите крајбрежни градови и доведе до развој на мали независни држави од Персискиот Залив, вон контрола на Османлиското, Персиското или другите европски царства“ [1]

Тврдината Зубара напладне

Историја

[уреди | уреди извор]
Катарски бродови за лов на бисери

Се смета дека градот го основале членовите на кувајтското племе Бани Утба околу 1760 година со изградба на неговото големо пристаниште, кое било предуслов за создавање средиште за трговија со бисери. Ова раздобје завршило кога силите лојални на султанот од Мускат се судриле со Катарците во Зубара и го запалиле градот.[2]

Тврдината Зубара одвнатре
Внатрешноста од квадратната кула

После тоа, во 1820-тите, Катарците изградиле голем одбранбен ѕид со 22 полукружни кули, со кои го затвориле градот и пристаништето во полукруг со пречник од 2,5 километри. Овој град бил само 20% од големината на поранешниот град. Градот тогаш бил јасно организиран со редовна мрежа на улици и населби во кои се проценува дека живееле од 6 до 9 илјади жители.[3]

Зубара цветала благодарение на блиските лежишта на остриги, од кои секое лето се ваделе природни бисери. Тогаш во Зубара се собирале бедуини од целиот Катар, но и од други места во Персискиот Залив за да тргуваат, но и да ги бранат ловците на бисери додека биле на море.[4]

Во втората половина на 19 век, Британците почнале да го зајакнуваат своето влијание во Персискиот Залив, што кулминирало со воен напад на британската морнарица врз чамците од Зубара на крајот на векот,[5] и што на крајот довело до слабеењето на градот.

Во обид да го оживее градот, петтиот емир на Катар Абдула бин Јасим Ал Тани во 1938 година. има изградено тврдина која го добила името по градот.

По независноста на Катар во 1971 година, Британското Царство продолжило да го оспорува суверенитетот на Катар над Зубара, што било решено на Меѓународниот суд во Хаг дури во 2001 година.[6]

Зубара е основана од трговци од Кувајт и пред да биде уништена во 1811 година и напуштена во раните 1900-ти, имала трговски врски низ Индискиот Океан, Арабија и Западна Азија. Слој песок од пустината ги заштитил остатоците од палатата, џамијата, улиците, дворовите на куќите и рибарските колиби, неговото пристаниште, тврдината и двокатни одбранбени ѕидови, канали, ѕидови и гробишта. Денес, Зубара е најважниот археолошки локалитет во Катар, со површина од околу 400 хектари (60 ха во внатрешноста на надворешниот одбранбен ѕид), од кои само мал дел е ископан.[1]

Живеалиштата во Зубара се претежно камени куќи со гипсена фасада, со внатрешен двор (атриум) што може да се најде низ целиот Близок Исток. Во дворовите се влегувало преку надворешен портал кој биул покриен со долг коридор за да се спречи некој од улицата да го види дворот. Најчесто имале трем на јужната страна од дворот, кој ги штител од летното сонце. Надворешниот влез и прозорците биле украсени со гипсени штуко украси со различни геометриски облици.

Највпечатлива градба во градот била палатата на градските шеици со димензии 110 x 100 m, која ги има истите одлики како помалите станбени куќи во градот, само што секој дел е многу поголем. Се состои од девет поврзани делови, од кои секој има свој двор врамен со низа простории. Штуко украси се пронајдени и во внатрешноста, а остатоците од скалите даваат показател дека имало и подови. Палатата била опкружена со голем ѕид со кружни кули на сите четири агли, во кои можеле да се сместат топови.[2]

Сложениот комплекс од мали складишта бил идентификуван како дел од градската чаршија, што било потврдено со откривањето на бројни предмети поврзани со трговијата.

Недолго по утврдувањето на Зубара, околу 1,65 км источно од градот, владејачкото семејство Калифа (владетелите на Бахреин) ја изградило тврдината Калат Мураир (قلعة مرير‎) во која имало извор на свежа вода во плиток бунар. Подоцна биле изградени заштитни ѕидини кои ги штителе каналот и патеката од Зубара до Мураир. Внатре во ѕидините на тврдината Мураир се наоѓала џамија и неколку живеалишта, додека околу неа имало привремени живеалишта, ниви и столари.[2]

  1. 1,0 1,1 Al Zubarah Archaeological Site na službenim stranicama UNESCO-a (англиски) Preuzeto 30. lipnja 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 T. Richter, P. D. Wordsworth & A. G. Walmsley, Pearlfishers, townsfolk, Bedouin and Shaykhs: economic and social relations in Islamic Al-Zubarah, P. 2. iz Proceedings of the Seminar for Arabian Studies 41, 2011., str. 1.-16.
  3. Qatar Islamic Archaeology and Heritage Project Архивирано на 4 март 2016 г., Sveučilište Kopenhagen (англиски) Preuzeto 1. srpnja 2013.
  4. Vine, P. & Casey, P. 1992: The Heritage of Qatar. P. 49-55. IMMEL Publishing
  5. Rahman H. 2005. The Emergence of Qatar: the turbulent years 1627–1916. London: Thames & Hudson.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-01-28. Посетено на 2022-11-20.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]