Прејди на содржината

Жан Расин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Jean Racine
Роден/аЖан-Батист Расин
22 декември 1639(1639-12-22)
Ла Ферте-Милон, Франција
Починат/а21 април 1699(1699-04-21) (возр. 59)
Занимањедраматург
ДржавјанствоФранцузин
Жанрдрама
Значајни дела„Андромаха“, „Федра“

Жан Расин (22 декември 1639 - 21 април 1699) е француски драматург, еден од тројцата најважни од 17 век во Франција (заедно со Молиер и Пјер Корнеј). Додека Молиер ги сликал лошите страни на француското општество од времето на Луј XIV, дотогаш неговиот современик Расин ги прикажал надворешниот сјај и големина.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Како најславен писател на своето време, Расин бил ангажиран од кралот Луј XIV како личен историограф. За успешно да ја оствари таа должност, Расин почнал да ги чита Лукијан, Такит и Тит Ливиј, но не бил способен да го опише кралот онака како што се очекувало од него, а ракописот со описот на кралот изгорел во еден пожар пред некој воопшто да го прочита. Познато е само дека на една маргиналија од една книга, Расин запишал: „Гледам дека историјата е нешто друго од поезијата, зашто поетот ги повикува на помош сите богови за да го опее Агамемнон, а историјата го опишува Филип само онака каков што бил.“[1] Во една прилика, Расин бил обвинет дека ја отрул својата љубовница.[2]

Книжевна дејност

[уреди | уреди извор]

Расин се појавил во литературата во времето кога младиот Луј XIV сонувал за љубов, и тој одговорил на тие сништа и вкусови на дворот. Првата одлика на Расиновите трагедии е во тоа што тој се откажува од херојските елементи како главен мотив. Понатаму, Расин со посебна љубов ја слика женската душа, бидејќи на жените им е својствено да се водат според чувствата. Кај Расин жената која љуби е најуспешниот тип во неговите трагедии, додека неговиот соперник Корнеј слика неприродни жени со машки одлики.

Нетрпеливоста меѓу двајцата писатели и нивните симпатизери станала толкава, што довела до книжевен двобој. Херцегината Ханриета Орлеанска им предложила на Корнеј и на Расин да обработат еден ист предмет во форма на драма. За тема послужила несреќната љубов на римскиот цар Тит кон јудејската царица Вероника. Корнеј создал јунаци кои размислуваат, создал херојски сцени и интриги, а Расин ја прикажал историјата на нивната љубов. Корнеј, типичен псевдокласик, тежнее кон трагични ефекти и необични јунаци, а Расин ги прикажува нежните човечки слабости, со што е некој вид претходник на сентименталните поети. Победата на Расин во овој двобој му создала многу непријатели.

Андромаха

[уреди | уреди извор]

Во ноември 1667 година е прикажана најдобрата од првите драми на Расин - „Андромаха“. Дејствието на ова дело се случува во престолнината на Епир. Ахиловиот син, кралот Пир, заљубен е во жената на Хектор, заробената Андромаха, која после падот на Троја се доселила тука со својот син. Андромаха, верна на споменот на својот прв маж, ја одбива љубовта на Пир, а разгневениот Пир ѝ се заканува дека син ѝ ќе им го предаде на Грците, кои се плашат од него иако е дете.

Хермиона, ќерката на Елена, страсно го сака својот вереник Пир. Таа е осветољубива и горда, и откако Андромаха од страв за синот се согласува со понудата на Пир, Хермиона бара од Орест, кој е пак вљубен во неа, да го убие Пир на венчавањето со Андромаха, ветувајќи му дека после тоа ќе се омажи со него. Трагедијата завршува со самоубиството на Хермиона, која паднала во очај поради смртта на својот сакан, и со лудилото на Орест, кој гледа како неговата надеж се урива, додека го растргнува грижа на совеста.

Британик

[уреди | уреди извор]

Оваа трагедија за првпат се појавува на сцената во 1669 година. Прикажано е непријателството на младиот Нерон кон законскиот претендент на престолот, Британик. Расин отстапува од традиционалното толкување на непријателството на Нерон кон Британик. Нерон постојано се плаши од благородниот Британик, а Расин за главна причина која Нерон го наведува издајнички да го убие Британик ја зема љубомората. Нерон ја засакал прекрасната Јунија, но нејзиното срце веќе е зафатено и му припаѓа на Британик. Со никакво убедување не може Нерон да ја поколеба Јунија, и на крајот ѝ се заканува дека ќе го убие човекот кого таа го сака.

Ова ја постигнува целта, па ја гледаме Јунија со болка во срцето како му глуми на Британик дека не го сака повеќе, но Британик ја дознава вистината. Нерон наредува да го затворат омразениот соперник, а потоа го убива со отров кој му го дал Нарцис. Јунија откако го изгубила својот сакан, станува весталка.

Една од најдобрите трагедии на Расин. Предметот и некои детали за драмата ги позајмил од Еврипид. Федра, жената на Тезеј, се вљубува во синот на Тезеј, Хиполит. Додека таа се бори против грешните страсти, пристигнува веста за смртта на Тезеј. Ослободена од брачните должности, Федра му ја признава својата љубов на Хиполит. Но веста за смртта на Тезеј се покажува лажна, и Федра од страв се решава да го наклевети синот пред таткото, според советот на нејзината верна Енона. Кога Федра дознава дека Хиполит сака друга, љубомората ја наведува да го спорведе тој план. Но Федра чувствува грижа на совеста и каење, и пред да се отруе му ја кажува целата вистина на Тезеј.

Некои француски критичари ја сметаат оваа трагедија за најдобра од сите Расинови трагедии. Ова е неговото последно големо дело. Овде нема љубовни заплети, нежни чувства ни страсти. Овде е прикажан судирот меѓу паганскиот и јудејскиот свет. Не љубовта, туку религиозниот ентузијазам е главен мотив во оваа трагедија.

Влијание и значење

[уреди | уреди извор]

Германскиот филозоф Фридрих Ниче го истакнува Расин како еден од омилените автори.[3]

  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 358.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 200.
  3. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 52.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Roland Barthes - Sur Racine
  • Georges Forestier - Jean Racine (Gallimard, 2006) (ISBN 2070755290)
  • Lewis, W.H. The Splendid Century: Life in the France of Louix XIV'.' William Sloane Associates, 1953.
  • Jean Rohou - Jean Racine : entre sa carrière, son œuvre et son dieu (Fayard, 1992)
  • Butler, Philip - Racine: A Study London: Heinemann Educational Books Ltd, 1974.
  • Racine, Jean, Encyclopædia Britannica. 2007. Encyclopædia Britannica Online. 30 Nov. 2007 <http://www.britannica.com/eb/article-9062376>.
  • Antonin Artaud - The Theater and Cruelty, in The Theater and Its Double. Trans. Mary Caroline Richards. Grove Press: New York. (1938/1958)