Прејди на содржината

Динара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Динара
Dinara
Највисока точка
Надм. вис.1.913 м [1]
Истакнатост728 м
Заведена какодржавен првенец
Географија
Динара
Dinara на карта

Карта

МестоХрватска / БиХ
Матичен венецДинариди

Динара (хрватски: Dinara) — планина на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, по која е наречен целиот венец Динариди. Има два значајни врва: Троглав (1.913 м) и истиомениот врв Динара (1.831 м).[2] Второнаведениот врв е највисок во Хрватска и има облик на камена човечка глава. Топографската истакнатост му изнесува 728 м.[3]

Самото име „Динара“ е од келтско потекло. Има варовнички карстен состев како и целиот венец наречен по неа.

Големина

[уреди | уреди извор]

Динара се протега од превојот Дерала (965 м) на северозапад до превојот Привија (1.230 м), кој се наоѓа 20 км на југоисток, кајшто почнува планината Камешница. Широка е до 10 км.

Динара е оддалечена само неколку десетици километри од Јадранското Море, како дел од областа Загора во Далмација, но има многу постудена планинска клима, Со просечна температура од 2 до 4 °C на врвовите, ова е меѓу најстудените места во Хрватска.[4] Има високи просечни врнежи и 1.700-1.900 сончеви часови годишно.[5]

На самата планина нема трајни населби, само бачила на овчарите од блиската долина на реката Цетина.

За најпривлечен дел од планината се смета југозападниот масив, долг 6 км и висок до 1700 метри. Погледот на долините под планината е живописен, но нема значаен број на планинари. Исклучок е врвот Ошљак (1.706 м).

На Динара живее загрозениот ендемски подвид на глодачдинарската високопланинска полјанка (Dolomys bogdanovi longipedis).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Највисок врв на планината е Троглав во Босна и Херцеговина, но не е највисок во земјата. Истоимениот врв Динара е највисокиот во Хрватска.
  2. Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г, стр. 42
  3. Динара — Peakbagger (англиски)
  4. Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 36
  5. Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 37
  • Острошки, Лилјана, уред. (декември 2013). „Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г.“ (PDF). Статистички годишник на Република Хрватска. Загреб: Државен завод за статистика. 45. ISSN 1334-0638. Посетено на 17 февруари 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]