Двојна круна (фудбал)
Двојна круна или Дабл е термин во фудбалот, кој се однесува на освојувањето на првата лига и главниот куп на една нација во истата сезона. Исто така може да се употреби и за означување на две победи (дома и на гости) против истиот тим во една лигашка сезона.
Во англискиот фудбал, Двојната Круна традиционално означува освојување на првата лига (во моментов ФА Премиер Лига претходно Англиска Прва Дивизија) и ФА Купот во истата сезона. Иако и освојувањето на другите поголеми трофеи во една сезона во комбинација со Лигата се нарекуваат Двојни или Тројни Круни.
Англиската Двојна Круна
[уреди | уреди извор]Список на тимови кои ја имаат освоено Двојната Круна во Англија:
- Престон Норт Енд во 1889
- Астон Вила во 1897
- Тотенхем Хотспур во 1961
- Арсенал во 1971
- Ливерпул во 1986
- Манчестер Јунајтед во 1994
- Манчестер Јунајтед во 1996
- Арсенал во 1998
- Манчестер Јунајтед во 1999
- Арсенал во 2002
За време на првата половина на 20 век, многу коментатори веруваа дека освојувањето на Лигата И купот во истата сезона е невозможно во модерниот фудбал, делумно поради бројот на тимови кои биле блиску до тоа остварување но сепак не успеале, честопати наводно поради густиот распоред на натпревари. Поради ова Двојната Круна на Тотенхем во 1961, првата во модерната ера, беше сметана за особено значаен подвиг кој докажа дека коментаторите грешеа. Сепак Двојната Круна сепак остана релативно ретко постигнување пред деведесеттите.
По појавата на Премиер Лигата во 1992, бројот на појави на освојување на Двојната Круна се удвои, со што се намали нејзината вредност. Арсенал и Манчестер Јунајтед го делат рекордот со по три Двојни Круни. Арсенал се единствениот клуб кој ја освоил во повеќе од една деценија (1971, 1998 и 2002).
Двојната Круна (Прва лига и Лига Куп)
[уреди | уреди извор]Поретка, и помалку посакувана Двојна Круна во Англискиот фудбал е освојувањето на Првата Лига и Лига Купот. Ова беше првпат постигнато од страна на Нотингем Форест во 1978. Ливерпул ја има освоено оваа Двојна Круна три сезони по ред (1982, 1983 и 1984). Последниот пат ја освои заедно со Европскиот Куп, со што таа стана, иако помала, Тројна Круна.
Двојната Куп Круна
[уреди | уреди извор]Двојната Круна со освојување на двата купови (ФА Купот и Лига Купот) беше постигнато од Арсенал во 1993, кога го победи Шефилд Венсдеј со 2-1 во финалето на двете натпреварувања. Во 2001, Ливерпул ја освои оваа Двојна Круна заедно со Купот на УЕФА како дел од нивната Тројна Куп Круна. Во 2007, Челзи ФК исто така ја освоија со победата над Арсенал во финалето на Лига Купот и против Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот.
Ретки Европски Двојни Круни
[уреди | уреди извор]Лидз Јунајтед беше првиот англиски клуб кој освоил Двојна Круна со освојување на европско и домашно натпреварување. Во 1968 Лидз го освои Лига Купот и Купот на Саемски Градови. Челзи во 1998, го освои Купот на Победниците на Куповите и Лига Купот. Евертон ФК исто така имаат освоено европска Двојна Круна во 1985, со освојувањето на Лигата и Купот на Победниците на Куповите и за малку ја пропушти Тројната Круна, со поразот во финалето на ФА Купот по три дена.
Абердин ја освои својата прва и единствена Европска Двојна Круна во сезоната 1982-83 кога прво го освои Купот на Победниците на Куповите со победата над Реал Мадрид со 2-1 во Гетебург, и 10 дена подоцна го освои Шкотскиот Куп со победата од 1-0 над Рејнџерс. Абердин го освои и Европскиот Супер Куп на крајот од 1983 со што освоија неофицијална Тројна Круна, но не во истата сезона.
Двојна Круна со Лигата и Лигата на Шампионите
[уреди | уреди извор]Освојувањето на Лигата и Лигата на Шампионите се смета за освојување на Двојна Круна. Ова им успеало на Ливерпул во 1977 и 1984, АК Милан во 1994, Ајакс Амстердам во 1995, Манчестер Јунајтед во 1999, Баерн Минхен во 2001, Порто во 2004 и ФК Барселона во 2006.
„Речиси“ Двојни Круни
[уреди | уреди извор]На многу тимови им се случило да стигнат до шанса да ја освојат посакуваната Двојна Круна во Англија (освојувајќи ја Лигата и ФА Купот), но за малку пропуштиле да го освојат едниот, или двата трофеи во таа сезона.
Целосната список на ониа кои за малку ја пропуштиле Двојната Круна е:
- Манчестер Сити во 1904, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Њукасл Јунајтед во 1905, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Сандерленд во 1913, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Астон Вила во 1913, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Хадерсфилд Таун во 1928, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Арсенал во 1932, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Вулверхемптон Вандерерс во 1939, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Вест Бромвич Албион во 1954, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Манчестер Јунајтед во 1957, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Вулверхемптон во 1960, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Барнли во 1962, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Лидз Јунајтед во 1965, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Лидз Јунајтед во 1970, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Лидз Јунајтед во 1972, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Ливерпул во 1974, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Ливерпул во 1977, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Евертон во 1985, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Евертон во 1986, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Ливерпул во 1988, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Ливерфул во 1989, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Арсенал во 1991, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Манчестер Јунајтед во 1995, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Арсенал во 2001, второ место во лигата/загуби во финалето на ФА Купот
- Арсенал во 2003, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Арсенал во 2005, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
- Манчестер Јунајтед во 2007, шампион/загуби во финалето на ФА Купот
- Челски во 2007, второ место во лигата/освојувач на ФА Купот
Други Двојни Круни
[уреди | уреди извор]Терминот се користи и надвор од Обединетото Кралство. Еден клуб кој освои значајна Двојна Круна во 2006 беше Баерн Минхен во Германија, кој стана првиот тим во историјата на земјата кој успеал да одбрани Двојна Круна. Интер Милано во Италија ја доби Двојната Круна на невообичаен начин истата сезона, кога им беше дадена титулата од Серија А откако му беше одземена на вистинскиот освојувач на лигата Јувентус поради скандалот со местење натпревари (Купот на Италија Интер го освои сам).
ФК Копенхаген го освои Данското првенство и Данскиот куп во сезоната 2003-2004. Следната година локалниот соперник Бронби ФК го следеше нивниот пример и повторно ја освои данската Двојна Круна.
Цска Москва во Русија го освои Рускиот Куп и Руската Премиер Лига во 2005.
Во Јапонија, Урава Ред Дајмондс ја освоија Јапонската Лига и Купот на Императорот во 2006, а Кашима Ентлерс во 2007.
Тим со најмногу домашни Двојни Круни на сите времиња е Линфилд, од Северна Ирска, Обединето Кралство — со 19 заклучно со мај 2007.
Меѓународни Двојни Круни
[уреди | уреди извор]Една репрезентација не може да го освои Светското Првенство и континенталното првенство во една година бидејќи не се работи за годишни настани, но ако една репрезентација ги држи двете титули истовремено тогаш се вели дека „освоила Двојна Круна“. Репрезентации на кои им успеало ова се:
- Западна Германија го освои Европското Првенство во 1972 и Светското Првенство во 1974
- Бразил го освои Светското Првенство 1994 и Копа Америка 1997
- Франција го освои Светското Првенство 1998 и Европското Првенство 2000
- Бразил го освои Светското Првенство 2002 и Копа Америка 2004
САД
[уреди | уреди извор]Во 1924 Фол Ривер Марксмен ја освои своојата прва Двојна Круна (освојувајќи ја Американската Фудбалска Лига/Националниот Челинџ Куп). Во 1930 истиот тим освои и Тројна Круна, освојувајќи ја титулата во АФЛ, Челинџ Купот и Левис Купот.[1][2] ДЦ Јунајтед ја освои правата Двојна Круна во ПФЛ Купот и УС Опен Купот во 1996. Чикаго Фајр исто така ги освои двете натпреварување во 1998, како и Лос Анџелес Галакси во 2005. ДЦ Јунајтед освои две Двојни Круни составени од ПФЛ Купот и ПФЛ Супортерс Шилд во 1997 и 1999. Канзас Сити Визардс ја освоија истата Двојна Круна во 2000, а Лос Анџелес Галакси фи освои двата трофеи во 2002.
Луксембург
[уреди | уреди извор]Двојната Круна во Луксембургшкиот фудбал подразбира освојување на Луксембургшкиот Куп и Луксембуршката Прва Лига во истата сезона. Бидејќи Луксембург нема други сениорски натпреварувања, а тимовите ретко напредуваат во европските натпреварувања, Двојната Круна е највисокото достигнување за сите тимови. Во Луксембург Двојната Круна е освоена вкупно 22 пати, осум од Женес Еш.
Холандија
[уреди | уреди извор]Клуб | Број | Години |
---|---|---|
Ајакс | 7 | 1966/1967, 1969/1970, 1971/1972, 1978/1979, 1982/1983, 1997/1998, 2001/2002 |
ПСВ | 4 | 1975/1976, 1987/1988, 1988/1989, 2004/2005 |
Феенорд | 3 | 1964/1965, 1968/1969, 1983/1984 |
АЗ '67 | 1 | 1980/1981 |
ХВВ | 1 | 1902/1903 |
РАП | 1 | 1898/1899 |
Уникатна Двојна Круна
[уреди | уреди извор]Вест Бромвич Албион има постигнато уникатна Двојна Круна во сезоната 1931. Кога стана првиот клуб кој го освоил ФА Купот и промоција во повисока лига во истата сезона (од Втората Фудбалска Дивизија во Првата Дивизија). Седумдесет и седум години подоцна ова не му успеало на ниту еден друг тим.
Табела на тимови со најмногу освоени Двојни Круни
[уреди | уреди извор]Клуб | Држава | Број на „Двојни“ |
---|---|---|
Линфилд | [[|]] | 19 |
Ренџерс | Шкотска | 17 |
Селтик | Шкотска | 13 |
Ал-Али | [[|]] | 13 |
Левски Софија | Бугарија | 13 |
Олимпијакос | Грција | 12 |
ХБ | [[|]] | 12 |
Мухараџ Клуб | Бахреин | 12 |
ФК Австрија Виена | Австрија | 10 |
ЦСКА Софија | Бугарија | 10 |
Динамо Киев | Украина | 10 |
Црвена Ѕвезда Белград | Србија | 9 |
Женес Еш | Луксембург | 8 |
Ајакс | Холандија | 7 |