Гордон Браун
Џејмс Гордон Браун (роден на 20 февруари 1951 година) ― британски политичар кој од 2007 до 2010 година бил премиер на Обединетото Кралство и лидер на Лабуристичката партија. За време на владата на Блер (1997-2007) бил секретар за финансии. Гордон Браун бил член на парламентот (пратеник) од 1983 до 2015 година. Тој е последен лабуристички политичар, како и последен шкотски политичар кој ја извршувал функцијата премиер на ОК.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Џејмс Гордон Браун е роден на 21 февруари 1951 година во Гифнок, Шкотска[1][2] во семејство на презвитеријански свештеник.[3] На негови три години, семејството се преселило во Кирккалди - тогаш најголем град во Фајф.[4]
Средно образование завршил во Кирккалди, каде бил избран во експериментална програма за забрзано учење; по програмата средното училиште го завршил две години порано и на 16-годишна возраст се запишал на отсекот за историја на Единбуршкиот универзитет каде магистрирал во 1972 година.Останал на факултетот и запишал докторски студии. Докторирал во 1982 година; неговата докторска теза била посветена на историјата на Лабуристичката партија и политичките реформи во Шкотска во периодот од 1918 до 1929 година.[5][6][7]
Во 1972 година, додека уште бил студент, Браун бил избран за ректор на Единбуршкиот универзитет.[8] Тој бил ректор до 1975 година, а исто така го уредувал документот Црвена книга на Шкотска.[9]
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Браун бил избран за пратеник на Лабуристите во Парламентот на општите избори во 1983 година. Во 1985 година, Браун станал опозициски портпарол за трговија и индустрија. Во 1986 година, ја објавил биографијата на политичарот од Независната Лабуристичка партија Џејмс Макстон, предмет на неговата докторска теза. Браун бил секретар за финансии во сенка од 1987 до 1989 година, а потоа и државен секретар во сенка за трговија и индустрија. По четвртиот последователен пораз на лабуристите на општите избори во 1992 година станал канцелар во сенка.[6][10] За време на референдумот за деволуција во Шкотска во 1979 година, додека други високи лабуристички политичари (како Робин Кук, Тем Дејел и Брајан Вилсон) водеа кампања за гласање „Не “, Браун водел кампања за „За“. Одиграл клучна улога во Шкотската уставна конвенција, со потпишување на Барањето за право за Шкотска во 1989 година.[11]
Канцелар на благајната (1997-2007)
[уреди | уреди извор]На општите избори во 1997 година, лабуристите убедливо ги победиле конзервативците и по 18 години креирале влада. Новиот премиер, Тони Блер, на 2 мај 1997 година го назначил Браун за канцелар за финансии. Браун оваа функција ја извршувал 10 години и два месеци, што го прави канцелар со најдолг стаж во поновата историја.[12] Најголеми достигнувања на Браун како канцелар се овозможувањето на независност на Банката на Англија во монетарната политика и постигнувањето договор за сиромаштија и климатски промени на самитот на Г8 во 2005 година.[6]
Во периодот од 1999 до 2002 година, Браун продал 60% од златните резерви на Обединетото Кралство непосредно пред цената на златото да почне континуирано да расте.[13][14][15] Обединетото Кралство продало околу 395 тони злато по просечна цена од околу 275 американски долари за унца, и заработиле приближно 3,5 милијарди американски долари.[16] Во 2011 година, тоа количество злато би вредело преку 19 милијарди долари.[17]
Во октомври 2004 година, Тони Блер објавил дека нема да ја предводи партијата на четврти избори, но и дека ќе целосно ќе го заврши својот трет мандат.[18] На 7 септември 2006 година, Блер објавил дека ќе се повлече во рок од една година,[19] а Браун бил јасен фаворит за негов наследник.
Премиер (2007–2010)
[уреди | уреди извор]Браун станал премиер на Обединетото Кралство на 27 јуни 2007 година. До неговата оставка од функцијата во мај 2010 година, тој бил и лидер на Лабуристичката партија. Истовремено, сè додека не поднел оставка во 2015 година бил и пратеник. Тој бил шестиот повоен премиер, од вкупно 13, кој станал премиер без да победи на општи избори.[20] Браун бил првиот премиер од шкотска изборна единица по конзервативниот Сер Алек Даглас-Хоум во 1964 година.
Во април 2010 година, Браун побарал од кралицата да го распушти парламентот. На изборите од 6 мај ни една партија не освоила мнозинство во парламентот.[21] Браун бил реизбран за пратеник на Киркалди и Кауденбит со 29.559 гласови.[21][22]
На 10 мај 2010 година, Браун објавил дека ќе се повлече од функцијата лидер на Лабуристите, за да се избере негов наследник на следната Конференција на Лабуристичката партија во септември 2010 година.[23] Следниот ден, преговорите меѓу Лабуристичката партија и Либерал-демократите за формирање коалициска влада пропаднале. Во текот на вечерта, Браун ја посетил Бакингемската палата за на кралицата Елизабета Втора да ѝ ја достави својата оставка како премиер и да препорача таа да го покани лидерот на опозицијата, Дејвид Камерон, да формира влада.[24] Тој веднаш поднел оставка како лидер на Лабуристичката партија.[24]
По премиерската функција
[уреди | уреди извор]Гордон Браун останал пратеник од Кирккалди и Кауденбит до 2015 година.[25]
Тој одиграл значајна улога во референдумот за независност на Шкотска во 2014 година, водејќи кампања за останување на Шкотска во Обединетото Кралство.[26]
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Гордон Браун не бил оженет до 49-годишна возраст, што било причина да се рашират гласини за неговата сексуална ориентација. На 3 август 2000 година по четири години додворување, се оженил со специјалистката за односи со јавноста Сара Меколеј (Sarah Macaulay).[27] Нивното прво дете, ќерката Џенифер Џејн, починала во 2002 година.[28] Двојката има два сина, Џон Маколеј (роден на 17 октомври 2003 година) [29] и (Џејмс) Фрејзер (роден на 18 јули 2006 година). Во ноември 2006 година, на Фрејзер му беше дијагностицирана цистична фиброза.[30]
Браун е член на Шкотската црква.[31]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Препис од говорот за прифаќање на Гордон Браун ePolitix, 17 мај 2007 година
- Транскрипт од првиот говор како лидер на Лабуристичката партија ePolitix, 24 јуни 2007 година
- Обраќање на 63-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации септември 2008 година
- Препис на говорот на манифестот ePolitix, 12 април 2010 година
|
- ↑ Routledge, Paul (19 January 1998). „I could still be prime minister, says Brown“. The Independent. London. Архивирано од изворникот на 3 March 2009. Посетено на 12 February 2010.
- ↑ Birth certificate of James Gordon Brown, 20 February 1951, Newton Mearns District, Renfrewshire 571/02 0053 – General Register Office for Scotland
- ↑ „Chancellor's daughter remembered at christening service“. The Scotsman. Edinburgh. 23 April 2004. Архивирано од изворникот на 9 January 2009. Посетено на 23 September 2007.
- ↑ „Gordon Brown – Biography on Bio“. thebiographychannel.co.uk. Архивирано од изворникот на 24 October 2011.
- ↑ Brown, Gordon (1982). The Labour Party and political change in Scotland, 1918-1929: the politics of five elections (Thesis). hdl:1842/7136.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „History and tour-Gordon Brown“. Prime Minister's Office. Архивирано од изворникот на 15 May 2010. Посетено на 21 June 2009. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „bbb“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Iain MacLean, Alistair MacMillan (2005). State of the Union: Unionism and the Alternatives in the United Kingdom. Oxford University Press. ISBN 9780199258208. Архивирано од изворникот 9 May 2013.
- ↑ Rosenbaum, Martin (15 July 2005). „Brown's first taste of power“. BBC News. Архивирано од изворникот на 21 October 2013. Посетено на 21 October 2012.
- ↑ Ascherson, Neal (5 October 2000). „Life on the ante-eurodiluvian Left“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 3 May 2009. Посетено на 16 July 2009.
- ↑ Wheeler, Brian (27 June 2007). „The Gordon Brown story“. BBC News. Архивирано од изворникот на 3 July 2007. Посетено на 11 July 2009.
- ↑ Wright, Kenyon (4 April 1999). „Scotland can sing a new song to a different tune and in a clear voice“. The Sunday Herald. HighBeam Research. Архивирано од изворникот на 27 March 2014. Посетено на 1 March 2008.
the Claim of Right of Scotland. I have it before me now as I write—a note of sadness as I see that the first two signatures, side by side, are those of the late John Smith MP and myself, a note of gratified surprise to see these closely followed by the autographs of Gordon Brown, Robin Cook, George Robertson, Donald Dewar, Malcolm Bruce, Jim Wallace and, more important, an impressive cross-section of Scotland's civil society.
- ↑ Mackenzie, Suzie (25 September 2004). „Will he? Won't he?“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 24 April 2008. Посетено на 1 March 2008.
- ↑ „Goldfinger Brown's £2 billion blunder in the bullion market“. The Times. 15 April 2007. Архивирано од изворникот на 11 May 2008.
- ↑ „The outlook for gold“. The Daily Telegraph. London. 19 December 2008. Архивирано од изворникот на 27 February 2009. Посетено на 19 November 2010.
- ↑ Clive Maund (1 April 2007). „The Gold Bull Market Remembers How Gordon Brown Sold Half of Britains Reserves at the Lowest Price“. Marketoracle.co.uk. Архивирано од изворникот на 26 November 2010. Посетено на 19 November 2010.
- ↑ ^ a b c Gold: Does Gordon Brown's regret selling half of Britains' gold reserves 10 years ago?, The Daily Telegraph, 8 May 2009
- ↑ Watt, Holly; Winnett, Robert (15 April 2007). „Goldfinger Brown's £2 billion blunder in the bullion market“. The Times. London. Архивирано од изворникот на 11 May 2008. Посетено на 19 July 2009.
- ↑ White, Michael (21 October 2004). „Blair: I will serve a full third term“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 4 December 2009. Посетено на 19 July 2009.
- ↑ Cowell, Alan (8 September 2006). „Blair to Give Up Post as Premier Within One Year“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 12 October 2007. Посетено на 10 July 2007.
- ↑ O'Connor; John Kennedy (25 June 2007). „Brown's Ascendency“. ABC Radio National Perspective. Архивирано од изворникот на 14 July 2009. Посетено на 15 July 2009.
- ↑ 21,0 21,1 „Election 2010: First hung parliament in UK for decades“. BBC News. 7 May 2010. Архивирано од изворникот на 11 May 2012. Посетено на 14 October 2012.
- ↑ „General Election 2010 – Kirkcaldy & Cowdenbeath“. BBC News. 7 May 2010. Архивирано од изворникот на 31 October 2012. Посетено на 14 October 2012.
- ↑ „Gordon Brown 'stepping down as Labour leader'“. BBC News. 10 May 2010. Архивирано од изворникот на 13 May 2010. Посетено на 10 May 2010.
- ↑ 24,0 24,1 „Gordon Brown resigns as UK prime minister“. BBC News. London. 11 May 2010. Архивирано од изворникот на 11 October 2012. Посетено на 14 October 2012.
- ↑ „Brown to remain as backbench MP“. BBC News. 13 May 2010. Архивирано од изворникот на 16 May 2010. Посетено на 14 May 2010.
- ↑ „Hague and Brown clash over 'English votes for English laws'“. BBC News. 14 October 2014. Архивирано од изворникот на 14 October 2014. Посетено на 14 October 2014.
- ↑ „Gordon and Sarah wed at home“. BBC News. London. 3 August 2000. Архивирано од изворникот на 3 January 2008. Посетено на 23 September 2007.
- ↑ Cramb, Auslan; Peterkin, Tom (8 January 2002). „Jennifer dies in their arms“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 1 March 2009.
- ↑ Morrison, Jenny (23 April 2004). „Chancellor's daughter remembered at christening service“. The Scotsman. Edinburgh. Архивирано од изворникот на 9 January 2009.
- ↑ „Brown's son has cystic fibrosis“. BBC News. 29 November 2006. Архивирано од изворникот на 3 May 2010. Посетено на 13 July 2009.
- ↑ „Pope accepts Gordon Brown's invitation to visit Britain next year | Pope Benedict XVI | The Guardian“. Архивирано од изворникот на 2009-09-26. Посетено на 2021-05-10. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help)