Аргининот (со ознаки Arg или R) е една од дваесетте најчести природни аминокиселини. Нејзините кодони се CGU, CGC, CGA, CGG, AGA и AGG. Кај цицачите, аргининот се класифицира како полуесенцијална или условно есенцијална аминокиселина, во зависност од развојниот стадиум и здравствената состојба на единката. Младите единки не се во можност да ги подмират потребите за оваа аминокиселина, па затоа аргининот е есенцијален во исхраната на децата. Аргининот бил изолиран најпрво од екстракт од семе на лупинво1886 од страна на швајцарскиот хемичар Ернст Шулце.
Аргининот се состои од 4 јаглероден алифатичен прав ланец, чиј краен дел е поврзан за комплексна гванидинска група. Таа е позитивно наелектризирана во неутрална, кисела, па дури и најалкална средина, што ги отсликува основните биохемиски својства на аргининот. Поради конјугацијата помеѓу двојната врска и осамените електронски парови на азотот, позитивниот полнеж е делокализиран, што овозможува формирање на повеќе водородни врски.