Прејди на содржината

Алекс Сандро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алекс Сандро
Лични податоци
Роден на 26 јануари 1991(1991-01-26)(33 г.)
Роден во Катандува, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 12
Младинска кариера
Атл. Паранаенсе Атл. Паранаенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2010 Атл. Паранаенсе Атл. Паранаенсе 17 (0)
2010-2011 Деpортиво Малдонадо Депортиво Малдонадо 0 (0)
2010-2011Сантос Сантос 30 (1)
2011-2015 Порто Порто 87 (3)
2015- Јувентус Јувентус 103 (10)
Репрезентација
2011 Бразил Бразил 20 11 (0)
2012 Бразил Бразил 23 3 (0)
2011- Бразил Бразил 15 (1)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Алекс Сандро Лобо Силва (роден на 26 јануари 1991 во Катандува) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус.

Технички карактeристики

[уреди | уреди извор]

Во татковината неговиот напредок бил споредуван со оној на познатиот сонародник Роберто Карлос[1]; за многу кратко време тој станал еден од најдобрите бекови во моментов.[2][3][4][5][6]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Атлетико Паранаенсе

[уреди | уреди извор]

Алекс Сандро ја започнал својата фудбалска кариера во 2006 година, кога бил купен од страна на Атлетико Паранаенсе, каде што, во две сезони, наизменично тренирал со првиот тим и со младинската екипа. Официјалното деби, како професионален фудбалер, го имал на 18 октомври 2008 во натпреварот против Интернасионал од 30-тото коло на бразилското првенство, влегувајќи како замена на местото на Нетињо во 80-тата минута во поразот со 2-1.[7] Тоа бил неговиот единствен настап за првиот тим на Атлетико Паранаенсе во неговата прва сезона како професионалец. Следната сезона одиграл уште 16 натпревари; на 10 октомври 2009, повторно против Интернасионал за првпат во својата професионална кариера одиграл цел натпревар (90 минути),[8] а на 25 истиот месец го добил првиот црвен картон во својата кариера во поразот со 3-2 од Куритиба.[9]

Депортиво Малдонадо и Сантос

[уреди | уреди извор]

По три години поминати во клубот од Куритиба, завршила неговата авантура таму, откако Атлетико Паранаенсе го продале на инвеститорите, со користење на уругвајскиот клуб Депортиво Малдонадо како посредник за одржување на правата за регистрација. На 1 март 2010, Алекс Сандро потпишал за Сантос на две-годишна позајмица.[10] Своето деби за Сантос го направил на 8 мај 2010, во натпреварот против Ботафого што завршил 3-3, но дебито за него не завршило успешно бидејќи бил исклучен во финишот на натпреварот откако заработил втор жолт картон.[11] На 25 септември истата година го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата на домашен терен над Крузеиро со 4-1.[12] Во двете сезони во Сантос, одиграл вкупно 38 натпревари и постигнал два гола.

Алекс Сандро во дресот на Порто.

На 23 јули 2011, четири дена подоцна откако во Порто дошол Данило (неговиот соиграч од репрезентацијата под 20 години), португалскиот клуб го купил и Алекс Сандро за сума од 9,6 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клаузула за откуп од 50 милиони евра.[13] Своето деби за "змејовите" го направил на 19 февруари 2012, во победата со 3-1 на гостувањето против Виторија Сетубал.[14] На 16 март, го постигнал својот прв гол во дресот на Порто, во победата со 2-0 на гостувањето против Насионал.[15].

На 18 септември 2012, го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата со 2-0 на гостувањето во Загреб против Динамо.

Вкупно во четири сезони со Порто, одиграл 137 натпревари и постигнал 3 гола. Со клубот освоил три трофеја: два наслова во португалското првенство (2011–2012, 2012–2013) и Суперкупот на Португалија 2013.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

На 20 август 2015, Алекс Сандро потпишал петгодишен договор со Јувентус во трансфер вреден 26 милиони евра, сума која на Порто му била исплатена во три години.[16]

Своето деби за Јувентус го направил на 12 септември 2015, во ремито 1-1 на домашен терен против Кјево во Серија А.[17] На 31 октомври, Алекс Сандро одиграл клучна улога во победата над градскиот соперници Торино со 2-1, асистирајќи му на Хуан Квадрадо за победничкиот гол во судиското продолжение.[18] На 21 ноември 2015, тој му асистирал на Пауло Дибала со нафрлување од левата страна, за единствениот гол во победата со 1-0 на домашен терен против Милан во лигата.[19] Четири дена подоцна, на 25 ноември, тој асистирал за уште еден победнички гол, на Марио Манџукиќ, во победата со 1-0 на домашен терен над Манчестер Сити во Лигата на шампиони со која клубот си обезбедил место во осминафиналето од натпреварувањето.[20] На 17 јануари 2016 година, Алекс Сандро го постигнал својот прв погодок за Јувентус - и неговиот прв во Серија А - со удар од работ на шеснаесеттникот со десната (послаба) нога, во гостинската победа над Удинезе со 4-0.[21] На 17 февруари било потврдено дека Алекс Сандро ќе мора да отсутвува од терените десетина дена, поради повреда на левиот бутен мускул ректус феморис со која се здобил за време на тренинг со Јувентус. Повредата го принудила да го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на 23 февруари против Баерн Минхен.[22] Тој се вратил за вториот натпревар во Минхен, играјќи како стартер на позицијата лево крило и оставил одличен поединечен впечаток, иако неговиот тим сепак бил елиминиран по продолженија.[23] На 25 април 2016, Алекс Сандро со Јувентус го освоил своето прво скудето во карирета, откако најголемиот конкурент на Јуве за насловот во таа сезона, Наполи, загубил во Рим од Рома со што математички била потврдена титулата.[24] На 21 мај, додал уште еден успех со освојувањето на Купот на Италија по победата со 1-0 по продолженија над Милан во финалето, во кое тој играл влегувајќи од клупата во 62-рата минута.[25]

Следната сезона тој се утврдил како прв избор на позицијата лев бек, истиснувајќи го од почетната постава францускиот ветеран Патрис Евра,[2][26] кој поради тоа го напуштил клубот во јануари 2017. На 27 ноември 2016, тој постигнал автогол во поразот со 3-1 од Џенова.[27] Сепак, тоа не ја поколебало неговата одлична форма во сезоната 2016-2017, во која бил еден од најконстантните играчи на Јувентус. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 3 декември 2016, во победата со 3-1 над Аталанта на Алијанц стадионот.[28] На 17 мај 2017, Алекс Сандро бил асистент за двата гола на бјанконерите во финалето на Купот на Италија кој ги постигнале неговиот сонародник Дани Алвес и Леонардо Бонучи со кој бил одбранет насловот од претходната сезона победувајќи го Лацио со 2-0.[29] Четири дена подоцна, тој бил стрелец на третиот гол за Јувентус во победата со 3-0 над Кротоне со која била математички била осигурана титулата во Серија А (шеста едноподруго за Јувентус, втора за Алекс Сандро). Конечно, на 3 јуни 2017 на стадионот Милениум во Кардиф, Алекс Сандро го започнал на позицијата лев бек финалето во Лигата на шампионите во кое тој и неговите соиграчи биле поразени од Реал Мадрид со 4-1. Сезоната ја завршил со 43 настапи во сите натпрварувања (11 повеќе во однос на првата сезона во Јувентус) и 3 постигнати гола.

Во летото 2017, тој бил трансфер-мета на англискиот Челси, кој сакал да го доведе во Лондон. Сепак, по долгите преговори Јувентус одлучил да ги одбие сите понуди на сините, вклучувајќи ја и последната која изнесувала 70 милиони евра, и да го задржи бразилскиот бек во својте редови.[30] На 27 ноември 2017, на Гран гала дел Калчо - манифестација на која се доделуваат награди за италијанскиот фудбал - тој бил избран во Идеалниот тим на годината на Серија А за првпат во својата кариера.[31] На 13 февруари 2018, Алекс Сандро го забележал својот 100-ти настап за Јувентус во натпреварот на домашен терен против Тотенхем во Лигата на шампионите, што завршил нерешено 2-2. Пет дена подоцна, по прекрасната асистенција на Федерико Бернардески тој со својот гол го решил градското дерби против Торино, кое бјанконерите го добиле со 1-0.[32] Сезоната ја завршил со освојување на својата трета двојна круна со Јувентус.

На почетокот на сезоната 2018-2019, во првото коло од Серија А на гостувањето кај Кјево во победата со 3-2, тој асистирал за победничкиот гол на Јувентус во 93-тата минута кој го постигнал Бернардески. На 23 октомври 2018, Алекс Сандро го забележил својот 50-ти настап во Лигата на шампионите (не сметајќи ги натпреварите во квалификациите) во гостинската победа со 1–0 над Манчестер Јунајтед.[33][34] На 3 декември 2018, втора година по ред бил избран во Идеалниот тим на годината на Серија А. На 20 декември 2018, Алекс Сандро го продолжил својот договор со Јувентус до 2023 година.[35] На 8 март 2019, во победата со 4-1 над Удинезе, тој за првпат во кариерата ја носел капитенската лента на Јувентус, преземајќи ја во 25-тата минута од натпреварот откако почетниот капитен во тој натпревар Андреја Барцаљи излегол од игра поради повреда.[36] На 30 истиот месец, тој го забележал својот 100-ти настап во Серија А, во победата на неговиот тим над Емполи со 1-0 во Торино.[37] На 20 април 2019, со својот прв гол за сезоната тој му помогнал на Јувентус да стигне до победата против Фјорентина, а таа победа за клубот значела ново скудето;[38] осмо во низа за Јувентус, четврто лично за него.[39]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, бил повикан во репрезентацијата под 20 години за да земе учество на Светското првенство за играчи под 20 години и на Младинското првенство на Јужна Америка за играчи под 20 години; Бразил го освоил златото и на двата турнири.[40]

На 10 ноември 2011 го направил своето деби за сениорската репрезентација, во пријателски натпревар против Габон, кој завршил со резултат од 2-0 за кариоките.[41]

На 6 јули 2012 бил повикан во составот на Олимписката репрезентација на Бразил за Летните олимписки игри 2012 кој се одржале во Лондон и други градови од Велика Британија.[42][43] Дебитирал за Олимписката репрезентација на 1 август, во натпреварот против Нов Зеланд, одигран на Сент Џејмсис Парк во Њукасл во групната фаза од турнирот.[44] Бразилската репрезентација стигнала до финалето на турнир, каде биле поразени од Мексико на 11 август на Вембли со 2-1[45][46]; Алекс Сандро го започнал натпреварот како стартер, но бил заменет во 32-рата минута од страна на напаѓачот Хулк. Вкупно на целиот турнир одиграл 198 минути.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]

Сениорска репрезентација

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
10-11-2011 Либрвил Габон Габон 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 46'
14-11-2011 Ум ел Фам Египет Египет 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска -
26-05-2012 Хамбург Бразил Бразил 3 – 1 Данска Данска Пријателска - влегол во игра 68'
30-05-2012 Ист Ратерфорд САД САД 1 – 4 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 89'
15-08-2012 Солна Шведска Шведска 0 – 3 Бразил Бразил Пријателска -
07-09-2012 Саун Пауло Бразил Бразил 1 – 0 Јужна Африка Јужна Африка Пријателска - влегол во игра 59'
13-6-2017 Мелбурн Австралија Австралија 0 – 4 Бразил Бразил Пријателска -
5-10-2017 Ла Пас Боливија Боливија 0 – 0 Бразил Бразил Квал. за СП 2018 - дет.
10-10-2017 Саун Пауло Бразил Бразил 3 – 0 Чиле Чиле Квал. за СП 2018 - дет.
10-11-2017 Лил Јапонија Јапонија 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска - влегол во игра 59'
12-9-2018 Ландовер Бразил Бразил 5 – 0 Ел Салвадор Ел Салвадор Пријателска -
12-10-2018 Ријад Саудиска Арабија Саудиска Арабија 0 – 2 Бразил Бразил Пријателска 1
20-11-2018 Милтон Кинс Бразил Бразил 1 – 0 Камерун Камерун Пријателска -
26-3-2019 Прага Чешка Чешка 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска -
6-6-2019 Бразил Бразил Бразил 2 – 0 Катар Катар Пријателска - влегол во игра 72'
22-6-2019 Саун Пауло Перу Перу 0 – 5 Бразил Бразил Копа Америка 2019 - Прва фаза - влегол во игра 57' дет.
27-6-2019 Порто Алегре Бразил Бразил 0 – 0
(4 – 3 пен.)
Парагвај Парагвај Копа Америка 2019 - Четвртфинале - влегол во игра 46' дет.
2-7-2019 Бело Хоризонте Бразил Бразил 2 – 0 Аргентина Аргентина Копа Америка 2019 - Полуфинале - дет.
7-7-2019 Рио де Жанеиро Бразил Бразил 3 – 1 Перу Перу Копа Америка 2019 - Финале - 9. титула дет.
Вкупно Настапи 19 Голови 1

Олимписка репрезентација

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
1-8-2012 Њукасл на Тајна Бразил Бразил 3 – 0 Нов Зеланд Нов Зеланд Олимписки игри 2012 - Прва фаза 1 Yellow cardYellow cardRed card 71', 76'
7-8-2012 Манчестер Јужна Кореја Јужна Кореја 0 – 3 Бразил Бразил Олимписки игри 2012 - Полуфинале -
11-8-2012 Лондон Бразил Бразил 1 – 2 Мексико Мексико Олимписки игри 2012 - Финале - заменет 32' дет.
Вкупно Настапи 3 Голови 0

Статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 22 октомври 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2010 Бразил Сантос A1/СП+А 1+24 1+1 КБ 4 1 КС 0 0 - - - 29 3
2011 A1/СП+А 7+6 0 - - - КЛ 11 0 Скп - - 24 0
Вкупно Сантос 8+30 1+1 4 1 11 0 0 0 53 3
2011-2012 Португалија Порто ПЛ 7 1 КП+ЛКП 1+3 0 ЛШ+ЛЕ 0+1 0 - - - 12 1
2012-2013 ПЛ 25 1 КП+ЛКП 0+5 0 ЛШ 6 0 СП 0 0 36 1
2013-2014 ПЛ 26 0 КП+ЛКП 6+4 0 ЛШ+ЛЕ 6+5 0 СП 1 0 48 0
2014-2015 ПЛ 28 1 КП+ЛКП 0+1 0 ЛШ 11[47] 0 - - - 40 1
авг. 2015 ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+0 0 ЛШ 0 0 - - - 1 0
Вкупно Порто 87 3 20 0 29 0 1 0 137 3
авг. 2015-2016 Италија Јувентус А 22 2 КИ 5 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 32 2
2016-2017 А 27 3 КИ 4 0 ЛШ 11 0 СИ 1 0 43 3
2017-2018 А 26 4 КИ 2 0 ЛШ 10 0 СИ 1 0 39 4
2018-2019 A 31 1 КИ 2 0 ЛШ 9 0 СИ 1 0 43 1
2019-2020 A 7 0 КИ 0 0 ЛШ 3 0 СИ 0 0 10 0
Вкупно Јувентус 113 10 13 0 38 0 3 0 167 10
Вкупно во кариерата 238 15 37 1 78 0 4 0 357 16
2010, 2011
2010
2011
2011–2012, 2012–2013
2013

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2020-2021, 2023-2024
2018, 2020

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
2011
2011
2019
Сребрен медал 2012
  1. Pasquale Cacciola (5 август 2012). calcionapoli24.it (уред.). „CN24 - Londra 2012, piccole stelle crescono: Alex Sandro, l'esterno verdeoro sulle orme di Roberto Carlos!“ (италијански). Посетено на 8 август 2012.
  2. 2,0 2,1 Nick Valerio (17 April 2017). „The rise of Alex Sandro“. Football Italia. Посетено на 12 September 2017.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2015-08-20.
  4. http://www.tuttosport.com/news/calcio/serie-a/juventus/calciomercato/2015/08/14-3195213/siqueira_contratto_pronto_ma_la_juve_insiste_per_alex_sandro/
  5. http://www.tuttojuve.com/calciomercato/gazzetta-alex-sandro-quasi-fatta-con-il-porto-244870
  6. http://www.90min.com/it/posts/2468107-juventus-che-colpo-accordo-con-il-porto-per-alex-sandro[мртва врска]
  7. transfermarkt.co.uk (уред.). „Internacional vs. Atlético Pr 2 - 1(2008)“. Посетено на 20 август 2015.
  8. transfermarkt.co.uk (уред.). „Internacional vs. Atlético Pr 1 - 1 (2009)“. Посетено на 20 август 2015.
  9. soccerway.com (уред.). „Coritiba vs. Atlético Pr 3 - 2“. Посетено на 8 август 2012.
  10. santosfc.com, уред. (10 март 2010). „Mais novo Menino da Vila, Alex Sandro é convocado para a Seleção Sub-19“ (португалски). Архивирано од изворникот на 2012-09-08. Посетено на 8 август 2012.
  11. soccerway.com (уред.). „Botafogo vs. Santos 3 - 3“. Посетено на 8 август 2012.
  12. soccerway.com (уред.). „Santos vs. Cruzeiro 4 - 1“. Посетено на 8 август 2012.
  13. Alessio Calfapietra (23 јули 2011). tuttomercatoweb.com (уред.). „UFFICIALE: il Porto acquista Alex Sandro“ (италијански). Посетено на 8 август 2012.
  14. soccerway.com (уред.). „Vitória Setúbal vs. Porto 1 - 3“. Посетено на 8 август 2012.
  15. soccerway.com (уред.). „Nacional vs. Porto 0 - 2“. Посетено на 8 август 2012.
  16. juventus.com, уред. (20 август 2015). „Alex Sandro è bianconero“.
  17. „Juventus 1 - 1 Chievo“. Football Italia. 12 September 2015. Посетено на 26 November 2015.
  18. Michael Yokhin (22 February 2017). „Alex Sandro living up to his billing as 'new Roberto Carlos' at Juventus“. ESPN FC. Посетено на 12 September 2017.
  19. „Juventus 1 AC Milan 0: Dybala magic seals victory for champions“. Four Four Two. 21 November 2015. Посетено на 26 November 2015.
  20. „Juventus beat Manchester City to qualify from Champions League group“. ESPN FC. 25 November 2015. Посетено на 26 November 2015.
  21. Daniella Matar (17 January 2016). „Juventus wins 4-0 at 10-man Udinese, Roma held 1-1 by Verona“. Yahoo.com. Архивирано од изворникот на 2016-02-25. Посетено на 18 January 2016.
  22. „Alex Sandro medical update“. Juventus.com. 17 February 2016. Посетено на 17 February 2016.
  23. „Bayern Munich 4-2 Juventus - A Tactical Analysis“. The Tactics Room (англиски). Архивирано од изворникот на 13 September 2017. Посетено на 2017-09-08.
  24. „Наполи загуби во Рим, Јувентус ја одбрани титулата“. kajgana.com. 25 април 2016. Посетено на 7 ноември 2019.
  25. „Coppa Italia: Morata in extra time“. Football Italia. 21 May 2016. Посетено на 21 May 2016.
  26. „Patrice Evra left out of Juventus squad as he ponders his future“. Sky Sports (англиски). Посетено на 2017-09-08.
  27. „Genoa 3-1 Juventus“. BBC Sport (англиски). 2016-11-27. Посетено на 2017-09-08.
  28. „Juventus-Atalanta 3-1, gol di Alex Sandro, Rugani, Mandzukic e Freuler“. La gazzeta dello sport. 3 декември 2016. Посетено на 7 ноември 2019.
  29. Mercoledì 17 мај 2017 - Roma, stadio Olimpico - Juventus-Lazio 2-0 http://www.laziowiki.org
  30. Clamoroso! Rifiutati 70 milioni dal Chelsea per Alex Sandro Архивирано на 8 ноември 2019 г. mondobianconero.com пристапено 8.11.2019
  31. „Gran Galà AIC: cinque della Juventus nella Top 11, Sarri miglior allenatore“. 27 ноември 2017.
  32. Filippo Conticello (18 февруари 2018). „Torino-Juventus 0-1: gol di Alex Sandro, che assist di Bernardeschi. Higuain k.o.“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 18 февруари 2018.
  33. „Man. United - Juventus: la vigilia“ (италијански). UEFA.com. 22 October 2018. Посетено на 23 October 2018.
  34. Scott Murray (23 October 2018). „Manchester United 0-1 Juventus“. The Guardian. Посетено на 23 October 2018.
  35. Alex Sandro e la Juve insieme fino al 2023: le cifre del rinnovo www.calcioefinanza.it
  36. Микеле Руотоло (9 март 2019). „Juventus-Udinese: out Barzagli, Alex Sandro capitano e non Bonucci“. calcionews24.com. Посетено на 13 ноември 2019.
  37. „Talking Points: #JuveEmpoli“. Juventus F.C. 31 March 2019. Посетено на 4 April 2019.
  38. „Alex Sandro, gol-scudetto con vista sul mercato: c'è già il prezzo“. Calciomercato.com | Tutte le news sul calcio in tempo reale. Посетено на 13 ноември 2019.
  39. „Ronaldo stands out in Juventus' 8th consecutive Serie A title win“. CBC Sports. 20 April 2019. Посетено на 25 April 2019.
  40. FIFA.com (уред.). „FIFA U-20 World Cup Colombia 2011“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2013-01-22. Посетено на 13 август 2012.
  41. soccerway.com (уред.). „Gabon vs. Brazil 0 - 2“. Посетено на 13 август 2012.
  42. super-calcio.it, уред. (6 јули 2012). „Olimpiadi di calcio 2012: le convocazioni della nazionale brasiliana“. Архивирано од изворникот на 2013-12-05. Посетено на 12 јули 2012.
  43. golmania.it, уред. (6 јули 2012). „Olimpiadi, Brasile: i convocati di Menezes“. Архивирано од изворникот на 2016-03-15. Посетено на 12 јули 2012.
  44. soccerway.com (уред.). „Brazil U23 vs. New Zealand U23 3 - 0“. Посетено на 13 август 2012.
  45. london2012.com (уред.). „Peralta nets match-winning brace for Mexico“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2012-08-22. Посетено на 13 август 2012.
  46. tuttosport.com, уред. (11 август 2012). „Messico oro, battuto 2-1 il Brasile in finale“. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 13 август 2012.
  47. 2 настапи во плејофот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]