Џон Кејџ
Џон Милтон Кејџ Јуниор (5 септември 1912 – 12 август 1992) е американски композитор, теоретичар на музика, писател и уметник. Пионер на индетерминизмот, електроакустична музика, и нестандардни употреби на музички инструменти, Кејџ е една од водечките фигури на пост-воената авангарда. Критичарите го сметаат за еден од највлијателните композитори на 20 век.[1][2][3] Тој е значаен во развојот на модерниот балет, најмногу преку неговите соработки со кореографот Мерс Канингам.[4][5]
Кејџ е веројатно најпознат по неговата композиција 4′33″ од 1952 година, која што се изведува во отсуство на каков било намерен звук. Музичарите кои го изведуваат делото не прават ништо освен тоа да бидат присутни за време на делото. Содржината на композицијата не се "четири минути и 33 секунди тишина", како што понекогаш се претпоставува, туку звуците на околината за време на изведбата.[6][7] Една од највоочливите одлики или иновации во работата на Кејџ е препарираното пијано кое тој го измисли уште во 1938 година. Тоа е т.н. "денатуриран" звук кој настанува така што на жиците на пијаното се зацврстуваат разни предмети, како ленири, плута, гуми и сл. Препарираното пијано всушност, е создадено за потребите на балетската група "Сѕвиллае Форт", но подоцна, ја има целта да го замени оркестарот, кој ќе го продуцира само еден изведувач - пијанистот. Со тоа, инструментот добива поширок спектар на бои кои дотогаш, на слушателот не му биле достапни. Пијаното има ефект на строгост и суровост, што најповеќе се забележува во "Гудачкиот квартет", но, сепак, овој инструмент ја ограничува бројката на звуците. Она што го предизвика околу музицирањето и музичкото искуство, го направи делото контроверзна тема кај музиколозите и естетичарите на уметност. Кејџ е исто така пионер на препарираното пијано (пијано каде што звуците се алтерирани преку поставување на објекти врз или помеѓу жиците или чеканчињата), за кое што има напишано многубројни композиции за балет и неколку концерти дела. Најпознати од овие се Сонати и Интерлуди (1946–48).[8]
Хенри Кауел (1933) и Арнолд Шенберг (1933–35) биле неговите учители, двајцата познати по нивните радикални иновации во музиката, но најголемите влијанија на Кејџ лежат во различните источно и јужноазиски култури. Преку неговите студии по индиска филозофија и Зен будизам во доцните 40-ти години, Кејџ доаѓа до алеаториката и музика водена од шансата, техники кои ги користи од 1951 година. И Чинг, антички кинески класичен текст за промената на настаните, станува стандардна композициска алатка на Кејџ до крајот на неговиот живот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Pritchett and Kuhn, Grove Online: "He has had a greater impact on music in the 20th century than any other American composer."
- ↑ Leonard, George J. (1995). Into the Light of Things: The Art of the Commonplace from Wordsworth to John Cage. University of Chicago Press. стр. 120 ("...when Harvard University Press called him, in a 1990 book advertisement, "without a doubt the most influential composer of the last half-century," amazingly, that was too modest."). ISBN 978-0-226-47253-9.
- ↑ Greene, David Mason (2007). Greene's Biographical Encyclopedia of Composers. Reproducing Piano Roll Fnd. стр. 1407 ("[...] John Cage is probably the most influential ... of all American composers to date."). ISBN 978-0-385-14278-6.
- ↑ Perloff, Junkerman, 1994, 93.
- ↑ Bernstein, Hatch, 2001, 43–45.
- ↑ Kostelanetz 2003, 69–70
- ↑ Reviews cited in Fetterman 1996, 69
- ↑ Nicholls 2002, 80: "Most critics agree that Sonatas and Interludes (1946–48) is the finest composition of Cage's early period."