Прејди на содржината

IJ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 22:05, 19 септември 2024; направена од InternetArchiveBot (разговор | придонеси) (Rescuing 2 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Лого на Државниот музеј во Амстердам, каде е употребена буквата.

IJ (мала буква ij) — диграф, составен од латиничните букви i и j. Диграфот се користи во холандскиот јазик. Понекогаш диграфот се смета лигатура или за посебна буква. Во повеќето фонтови каде се сретнува буквата, графемите не се споени, туку одделени.

Диграфот ij во пишаниот холандски се користи за дифтонгот [ɛi][1] што на македонски се предава со еј. Во стандардниот холандски, и во повеќето холандски дијалекти, има две можни графички прикази за дифтонгот: ij и ei. Ова причинува забуна за децата кои го изучуваат јазикот. IJ често го нарекуваат lange ij (долго ij), а ei како korte ei (кратко еi).[2] Првично, диграфот означувал долга и.[3]

  1. Booij, GE (1995), The Phonology of Dutch (Google Books), Oxford University Press, стр. 4.
  2. Woordenlijst Nederlandse Taal (холандски), стр. 22–23.
  3. „Lange ij (oorsprong)“. Advies. NL: Onze taal. Архивирано од изворникот на 2009-01-15. Посетено на 2014-03-06.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Pemberton, Steven, „An Englishman's Difficulties with the Dutch“, Spelling, NL: CWI.
  • Horlings, Andreas K, „De lange IJ bestaat niet“, Geo cities (холандски), Yahoo!, Архивирано од изворникот 2009-10-25, Посетено на 2014-03-06.
  • Harmsen, R, „The Dutch "letter" IJ“, Linguistics, Rudhar.
  • Hildebrandt, Marie (1915), „A is een aapje, dat eet uit zijn poot“, Moeder de Gans. Baker- en kinderrijmpjes, Amsterdam: Van Holkema & Warendorf z.j.