Супернова — моќна и светла експлозија на ѕвезда. Таа е екстремно светла и предизвикува сноп од зрачење кој може да ја засени целата галактика пред да исчезне по неколку недели или месеци. За време на оваа краткотрајна експлозија, суперновата може да испушти толку енергија колку што Сонцето ќе емитува вкупно за целиот свој век.
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.